Македонија
МВР:Истражниот судија треба да одлучи за проширување на истрагата за случајот со Бошкоски
До овој момент друго лице освен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски не е опфатено со кривичната пријава, велат од МВР иако на снимките од апсењето на Бошкоски се гледа уште едно лице, со лисици на рацете.
До овој момент друго лице освен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски не е опфатено со кривичната пријава, велат од МВР иако на снимките од апсењето на Бошкоски се гледа уште едно лице, со лисици на рацете. За евентуално проширување на истрагата треба да одлучи Истражниот судија, велат од МВР.
„Целокупните сознанија коишто ги имавме при оперативната обработка којашто беше отворена под името „Кампања“ беше насочена токму кон осомничениот бидејќи сите сознанија водеа кон него. Пријава до овој момент е поднесена само против едно лице. Дали ќе има понатамошно проширување на истрагата за „Кампања“ ќе одлучи истражниот судија. И инволвирањето на Управата за јавни приходи ќе зависи од истражниот судија. Ја информиравме УЈП и побаравме да се вклучат во истрагата и да ги проверат и останатите извори на финансирање на политичката кампања“ вели портпаролот на МВР. Иво Котевски, кој не одговори директно дали другото лице било соработник на МВР.
На новинарско прашање зошто Бошкоски бил следен два месеца, а кампањата траеше 20 дена. Котевски вели дека дел од парите кои биле собирани, биле собирани пред започнувањето на кампањата.
„Ние и вчера кажавме дека постојат индиции, сомненија, сознанија околу незаконско финансирање на кампања. Дел од парите коишто биле собирани за водење на таа кампања се собирани, еден во случај пред почнување на кампањата, друг, пак, во случај во текот на кампањата, додека последниот случај што е реализиран, а за кој постојат сомненија и индиции дека се работи за пари кои се наменети за подмирување на долговите направен во текот на кампањата е реализиран вчера, ден по завршувањето на изборите“, вели Котевски.
Бошкоски моментално се наоѓа во истражниот затвор во Шутка, откако истражен судија синоќа му одреди притвор. Се товари за незаконско финансирање на кампања и злоупотреба на службената должност./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

