Контакт

Македонија

Рикер: Добрата иднина на Македонија зависи од сите чинители во општеството

Објавено пред

Добрата иднина на Македонија зависи од сите чинители во општеството и сите треба да го дадат својот придонес во изградбата на попросперитетна и постабилна земја, изјави амбасадорот Филип Рикер.

Добрата иднина на Македонија зависи од сите чинители во општеството и сите треба да го дадат својот придонес во изградбата на попросперитетна и постабилна земја, изјави амбасадорот Филип Рикер.Својата порака Рикер ја упати на прошталната забава што во негова чест беше организирана на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.„Сите вие, студенти, професори, членови на важни невладини организации –  вие имате шанса да помогнете да се оформи Македонија на утрешнината. Дури и Македонија на денешницата. Каква визија имате вие за вашата земја за 20 години и натаму? Мислам дека имате одлична шанса да имате влијание за изградба за посилна, постабилна и попросперитетна Македонија. САД ја подава својата рака на Македонија за да помогне во тој напор. Би ве охрабрил сите вас да ги искористите овие шанси“, рече Рикер.Според најавите, Рикер ја напушта амбасадорската функција на 15 јули. По Македонија, тој заминува во Вашингтон, каде во Стејт департментот ќе ја врши функцијата заменик-помошник државен секретар.На негово место доаѓа Пол Волерс, кој своевремено беше заменик на поранешната американска амбасадорка Џилијан Миловановиќ. /крај/ач

Македонија

Филипче: Целосно е реновиран и за 30 отсто зголемен одделот за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека изминатите три години на Универзитетската клиника за неврохирургија се реализирани бројни инвестиции за унапредување на условите за третман на пациентите и кадровско зајакнување на установата.

„ За 30 проценти го зголемивме капацитетот на одделот за интензивно лекување. Истиот е целосно реновиран и обезбедена е нова медицинска и немедицинска опрема, како и нова централна климатизација на овој оддел. Извршивме комплетно реновирање и на стационарниот оддел на клиниката, со поставување тоалети во секоја болничка соба. Реновирана и целосно опремена е и детската соба, наменета за најмладите пациенти на оваа клиника. Ги подобруваме условите во нашето јавно здравство за подобри здравствени услуги на пациентите и подобри работни услови на здравствените работници“, изјави министерот Филипче.

Со цел да се унапреди и осовремени третманот на пациентите на Клиниката за неврохирургија, набавена е нова опрема, како што се монитори за одделот интензивно лекување, ултрасоничен нож за сечење ткива, апарат за анестезија, инфузиомати и перфузори, медицинска опрема за интензивно лекување, медицински колички за терапија, топлинска пумпа, респиратори и друга опрема.

Истовремено, се работеше и на кадровско зајакнување на оваа јавна здравствена установа и во изминатите три години на клиниката се реализирани 26 нови вработувања на лекари, медицински сестри, болничари и останат немедицински кадар. Со преземање, на Клиниката се вработени и тројца лекари, кои се на специјализација по анестезиологија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев од Кавадарци: 800 милиони евра за директна финансиска поддршка за земјоделството во следните 4 години

Објавено пред

Во следниот период субвенциите и поддршката за рурален развој ќе бидат 200 милиони евра годишно, 800 милиони евра за 4 години. Ова е вистинска поддршка, но ќе има и за новите сорти и за отворање на нови винарски визби, за да ја зголемиме дополнително побарувачката на грозјето. Оваа година драги кавадарчани око да не ви трепне, бидејќи ги имате Заев и СДСМ кои можат многу повеќе да сработат и за виното и за грозјето. Трите години бевме до вас и оваа година ќе бидеме до вас, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во своето обраќање на граѓанската трибина во Кавадарци.

„ Чесна власт, иако на 15 јули оди на избори а откупот е во септември, веќе во буџетот во април ставивме 5 милиони евра, тоа се 23 милиони килограми по 14 денари да ги откупиме сите. Или 7 денари да покриеме разлика на целото винско грозје и за смедервката и за вранецот. Имаме комплетно решение, нема потреба да стравувавте. Тоа никогаш не се случило во Тиквешијата. Ова е нашето богатство, нашето сонце и нашиот трудољубив народ“ рече Заев.

Тој рече дека државата им стои комплетно за сé на располагање на граѓаните и додаде дека Владата предводена од СДСМ покрила 1 милијарда и 200 милиони евра долгови оставени од ВМРО-ДПМНЕ за спомениците, палмите и галиите, исто така со 50 милиони државата им помогна на општините да се раздолжат и денеска да се на ниво од 1/4 од долговите што ги имаа.

„ Зборуваа во земјоделството нели ако дојде Заев и СДСМ ќе ги укинеа субвенциите?! Не, не ги укинаа, ги укинаа на тие бандитите Камчевци и другите. И тие 30 милиони евра од големите компании ги пуштивме на индивидуалните земјоделци и сега имаме навремени субвенции, стигаат тогаш кога им требаат на земјоделците. Оваа година беше корона криза, а 95 % од субвенциите се исплатени и секогаш сме тука да слушнеме кога треба на народот веднаш да интервенираме“, заклучи Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ најавува зголемување на платите за 25%, а на пензиите за 20%

Објавено пред

Македонија има потреба од обнова. Државата три години стагнира, а граѓаните осиромашуваат. Се обврзуваме за зголемување на платите за 25% и зголемување на пензиите за 20%. Македонија има за сите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ За економски раст потребна ни е развиена инфраструктурна мрежа, затоансе обврзуваме на реконструкција на 1000 километри патишта и 2 милијарди евра инвестиции. Ќе привлечеме 4 милијарди странски инвестици, од кои 3 големи странски компании ќе дојдат во првите 100 дена.

Се обврзуваме да изградиме над 1000 станови за социјално ранливите категории. Се обрзуваме на 1000 мерки и проекти, кои ќе влијаат на подобрување на животот на граѓаните, развој на земјата, воспоставување на правмата држава и владеењето на правото.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!“ се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

Трамп првпат во јавност се појави со заштитна маска

Американскиот претседател Доналд Трамп ја посети воената болница во предградие на Вашингтон и првпат во јавност носеше маска поради пандемијата...

Македонија48 минути

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата

Кус е периодот во кој можевте да ме запознаете, да стекнете впечаток за мене и за она што го преставувам...

Регион13 часа

(Видео) Петти ден протести во Србија, демонстрантите во Нови Сад ја блокираа полициската станица

И вечерва граѓаните на Нови Сад излегоа на протест на улиците и на половина час ја блокираа полициската станица „Стар...

Македонија15 часа

Од коронавирус почина 24-годишна пациентка од Тетово, немала хронични заболувања

Вчера на Инфективната клиника почина 24 годишна пациентка од Тетово од Ковид-19. Таа е еднa од најмладите пациенти во земјава...

Македонија18 часа

Нови 199 заболени и осум починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на...

Топ18 часа

Мaж нападнал четири лица во авто-кампот „Градиште“, има повредени

Доцна синоќа во полицијата било пријавено насилство кое се случило во авто-кампот „Градиште“ во Охрид. Според пријавеното, А.К.(32), кој претходно...

Регион19 часа

Хрватска, Албанија и БиХ бележат рекордни бројки на новозаразени од појавата на пандемијата

Во регионот деновиве забележан е пораст на бројот на заболени од ковид-19. Во Хрватска, Албанија и БиХ денеска е регистриран...

Македонија19 часа

Пендаровски за геноцидот во Сребреница: Идеите за етнички чисти територии секогаш водат кон трагедии

Претседателот, Стево Пендаровски, упати порака по повод 25-годишнината од геноцидот во Сребреница. „Пред 25 години се случи геноцидот во Сребреница...

Регион19 часа

Грција бара санкции за Турција: „Ердоган направи историска грешка“

Атина ќе изврши притисок врз меѓународните организации и ЕУ да воведат санкции кон Турција, поради промената на статусот на музејот...

Македонија24 часа

Уште два дена кампања

Уште два дена ќе трае предизборната кампања за парламентарните избори кои ќе се одржат в среда. Денеска и утре политичките...

Македонија1 ден

Свети Николе станува ново жариште на коронавирусот, двете фабрики се затворени

Во Свети Николе вчера беа регистрирани 29 новозаразени од ковид-19, за првпат во овој град, кој станува ново жариште на...

Македонија1 ден

Рекорден број на заразени и излечени во земјава за едно деноноќие

Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа. Како што информира Министерството...

Македонија1 ден

Дел од болницата „8-ми Септември“ ќе се пренамени за пациенти кои не се заболени од ковид

Во наредните десетина дена почнуваат подготовки за ослободување на дел од капацитетите во ГОБ „8ми Септември“, најави министерот за здравство,...

Македонија1 ден

Заев од централната трибина во Скопје: Мора да продолжиме по правиот пат, од вас зависи

Мора да продолжиме по правиот пат, не смееме да скршнеме од него, тоа е наша заедничка задача, порача синоќа претседателот...

Македонија1 ден

Филипче: Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење

Тестираме масовно и ги откриваме и асимптоматските случаи за прекин на ланецот на ширење, истакна министерот за здравство, Венко Филипче,...

Регион2 дена

(Видео) Не престануваат протестите во Србија – еден демонстрант повреден со нож, има и уапсени

Четврт ден по ред насилни протести во Белград, но и во повеќе градови во Србија, наспроти забраната за собирања на...

Свет2 дена

СЗО: Сè уште можеме пандемијата да ја ставиме под контрола

Директорот на Светската здравствена организација порача дека денес сè уште е можно да се стави епидемијата на Ковид-19 под контрола,...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Регион2 дена

„Аја Софија“ повторно стана џамија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска потпиша декрет со кој музејот „Аја Софија“ во Истанбул повторно станува џамија. Ова следи...

Македонија2 дена

Излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот

Во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија2 дена

Патниците од регионот не треба да приложуваат негативни тестови ако само транзитираат низ земјава

Главниот координативен кризен штаб ги објави насоките и пропозициите врз основа на кои државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и...

Досие