Македонија
МВР: Обединети за Македонија изнесуваат лаги и манипулации
Неточно е дека службениците што учествуваа во акцијата „Кампања“, во која беше уапсен Љубе Бошкоски, биле посебно наградени, велат од МВР, по денешната прес-конференција на Обединети за Македонија
„Напротив, тие ги извршуваа службените задачи и овластувањата за борба против криминалот и корупцијата за кои се платени. Освен нив, во целата операција и документирање на случајот учествуваа и други службени лица чија цел е откривање и санкционирање на сите оние кои работат спротивно на законите на Република Македонија, без разлика дали се работи за партиски лидери“, велат од МВР.Од МВР велат дека е срамно да се измислува некакво темпирање на акцијата по изборите. Според нив, одлуката незаконски да прими пари била лична на осомничениот Бошкоски.Обединети за Македонија денеска излегоа со тврдење, според кое, полициските службеници што учествувале во акцијата за апсење на Бошкоски биле наградени
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

