Македонија
Пресот на СРД искористен за изнесување на лични недоразбирања
Пресконференцијата на Советот на радиодифузија (СРД), на која беше објавен извештајот за медиумско покривање на кампањата, беше искористен од член на советот за да го изнесе своето недоразбирање со претседателот на ова тело
Членот на Советот за радиодифузија Алма Машовиќ го обвини претседателот на Советот, Зоран Стефановски дека ја попречувал во извршувањето на нејзините работни обврски, како и дека изнесувал лични ставови во медиумите, а ги претставувал како ставови на советот.„Од моето назначување во СРД па се’ до денес се соочувам со сериозно попречување во работењето од страна на претседателот Зоран Стефановски, во смисла на транспарентно, објективно и непристрасно информирање“, изјави Машовиќ.Таа побара од Стефановски да и’ одговори од кои причини врз вработените во стручната служба се вршел, како што рече, огромен притисок со цел двајцата новодојдени членови да немаат пристап до информациите што се од витално значење за успешно работење на Советот.Машовиќ го нападна претседателот на СРД дека во неговите настапи во одредени медиуми промовирал лични ставови, за кои не се разговарало претходно во Советот.Останатите членови на Советот изразија изненаденост и зачуденост од ваквиот ненајавен настап на Машовиќ.Стефановски истакна дека би се воздржал од било каков коментар, бидејќи тоа не е тема на денешната прес-конференција.„Би се задржал на темата и не би сакал да ве оптоварувам со нашите внатрешни проблеми. Одлуките на Советот ги носат двајца академици, двајца универзитетски професори, двајца магистри и двајца новинари“, изјави Стефановски.Тој напомена дека одлуките се носат со мнозинство, по што стануваат валидни и претставуваат став на СРД.Зачуденост од настапот на Машовиќ изрази и Бојан Шоптрајанов, кој рече дека нејзиниот настап не бил содржина на пресконференцијата.„Одлуките не ги донесува претседателот, туку советот на начин кој што е чисто демократски и треба да биде почитуван од сите членови. Тоа не значи дека сите треба да бидеме истомисленици, ама не може некој да смета дека е негово право како рамноправен член да зборува за односи внатре во Советот, што немаат врска со кампањава“, рече Шоптрајанов.Столе Наумов рече дека членовите на Советот немале поинаков избор, освен во извештајот да констатираат неизбалансирано известување на најголем дел од медиумите, бидејќи, како што рече, во спротивно ќе им се смеела целата домашна и меѓународна јавност. „Целосно стојам зад извештајот. Ние немавме друг избор. Не може очевидни работи поинаку да се формираат. Наместо драстично неизбалансираност или неизбалансираност, да ставаме суперлативи. Народот ќе ни се смее. Ова што го има во извештајот го знае целата јавност“, изјави Наумов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

