Македонија
Вуиќ казнет со 1.000 евра и отстранет од судница
Адвокатот на обвинетите во случајот „Пајажина“, Мирослав Вуиќ беше изнесен од судењето со полициско обезбедување, поради, како што рече судијката Павлина Христова, непочитување на судот.
Адвокатот на обвинетите во случајот „Пајажина“, Мирослав Вуиќ беше изнесен од судењето со полициско обезбедување, поради, како што рече судијката Павлина Христова, непочитување на судот.Непосредно пред да биде отстранет Вуиќ од судницата, судијката му изрече и парична казна од 1.000 евра заради непочитување на судот, јави репортерот на Макфакс.По речиси два часа поминати во судницата, главниот претрес на судењето сеуште не е започнат, а судијката даде пауза.Адвокатите на одбраната изнесоа неколку предлози, поради кои, според нив, главниот претрес треба да се одложи.Судијката рече дека на дел од предлозите ќе одговори накнадно и предложи да започне главниот претрес, меѓутоа адвокатот Вуиќ се спротистави на нејзиниот предлог и побара да биде одговорено на сите предлози.„Доколку се уважат предлозите, ќе продолжи една парадоксална ситуација во целиот предмет, каде што ќе немате предмет“, изјави адвокатот Вуиќ по излегувањето од судницата.Одбраната најпрвин побара, да се одложи главниот претрес, поради здравствената состојба на една од обвинетите Ѓултен Џемаили, на која што, според адвокатите и требало понатамошно болничко лекување, но судот го одби овој предлог.Вториот предлог беше да се уништат списите од разговорите кои што биле водени помеѓу адвокатот Вуиќ и неговата колешка Лујза Стаиќ со образложение дека тие не требало да бидат следени со посебни истражни мерки со оглед на тоа што ниту еден од нив не е обвинет.Истотака адвокатот побара доказниот материјал од 10.05 и 12.05 физички да бидат отстранети. Судот се уште се нема произнесено за овие два предлози. Претходно на почетокот на судењето судскиот совет донесе одлука за издвоено судење на обвинетата Жаклина Ѓорѓиевска од останатите обвинети поради нејзината здравствена состојба.Нејзиниот адвокат рече дека ова претставува преседан во македонското судство и е крајно противзаконска одлука и дека ќе го искористи правото на заштита на законот пред јавниот обвинител. Судот донесе одлука да им суди во отсуство на петмината обвинети кои се во бегство, вклучително и на синот на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски. /крај/фф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За четири дена 2.450 сообраќајни прекршоци, уапсени 15 лица
Во периодот од 24 до 27 ноември како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.450 издадени платни налози, 454 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти МВР.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 15 лица, од кои 13 за возење под дејство на алкохол, а две лица за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 811 прекршоци за непрописно паркирање, 265 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, девет санкции за минување на црвено светло, изречени се 33 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 15 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 132 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас, како и 89 мерки за возачи поради користење мобилен телефон при возење. Согласно Законот за возила, 65 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 44 заради техничка неисправност. Изречени се и соодветни мерки за 17 возачи на моторни возила поради затемнети стакла односно непрописно вградени фолии.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Македонија
Утре бесплатни уролошки прегледи во болницата „13 Ноември“
По повод Месецот на машкото здравје, ЈЗУ Специјална болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, организира настан кој ќе се одржи утре, 29 ноември, со почеток во 10:00 часот.
Во рамки на настанот, за сите мажи ќе бидат обезбедени бесплатни уролошки прегледи, како и ехо прегледи на бубрези и простата, со цел подигнување на свесноста за значењето на навремената грижа за машкото здравје.
„Во рамки на настанот, ќе обезбедиме бесплатни прегледи за сите заинтересирани мажи. Прегледите ќе ги извршуваат: Уролошки прегледи ќе врши Д-р Дарко Марковски, уролог од ГОБ „8-ми Септември“, Ехо на бубрези и простата ќе вршат Д-р Марика Филипова, специјалист интернист и Д-р Марија Сековска, специјалист интернист од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје. Ова е одлична можност за навремена проверка, превенција и грижа за здравјето.
Сите заинтересирани се добредојдени“, велат од болницата.
Македонија
Утре нов „Марш на ангелите“ во Кочани
За утре, 29 ноември, е најавен нов „Марш на ангелите“ во Кочани. Предвидено е маршот да започне со почеток од 14:05 од Паркот на револуцијата во Кочани.
„Паралелно со судскиот процес, ги повикуваме сите граѓани кои веруваат во човечноста и правдата да ни се придружат на 29 ноември 2025 г., сабота со почеток од 14:05 од Паркот на револуцијата во Кочани. Да чекориме со љубов, со болка и достоинство, во име на оние што повеќе не можат да чекорат. Овој марш не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој “број” стои име, живот, семејство и болка. Нашата порака е едноставна, но длабока, за нашите деца, за вистинска правда за Македонија со совест. Да покажеме дека ова општество не молчи пред неправдата и дека постои народ што не се откажува од вистината“, соопштија од Здружението на граѓани „16 Март 2025 г. Кочани”.

