Македонија
Вкупно 119 радиодифузери регистрирани во Македонија
Вкупно119 радиодифузери се занимавале со радиодифузната дејност во Македонија во 2010 година, од кои 61 емитувале радиопрограма, а 58 телевизиска програма, објави денеска Државниот завод за статистика.
Вкупно119 радиодифузери се занимавале со радиодифузната дејност во Македонија во 2010 година, од кои 61 емитувале радиопрограма, а 58 телевизиска програма, објави денеска Државниот завод за статистика.Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма, емитувале вкупно 419.392 часа телевизиска програма, од која најголем дел или 23,4 отсто е играна програма.Јавното радиодифузно претпријатија кое емитува телевизиска програма, емитувало вкупно 20.778 часа телевизиска програма, од која најголем дел или 16,9 отсто е информативна програма.Наспроти нив радиодифузерите во најголем дел емитувале музичка програма, при што јавното радиодифузно претпријатие емитувало вкупно 37.431 часа од кои најголем дел или 61,3 отсто е музичка програма, додека приватните станици емитувале вкупно 433.486 часа радиопрограма, од кои најголем дел или 60,6 отсто, исто така, е музичка програма. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

