Контакт

Македонија

Соренсен: Ќе видиме дали „Воинот на коњ“ ќе се најде во годишниот извештај

Објавено пред

Евроамбасадорот Петер Соренсен без конкретен одговор дали поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ ќе се најде во годинешниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија.

Евроамбасадорот Петер Соренсен без конкретен одговор дали поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ ќе се најде во годинешниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија.Не коментира дали неговото поставување на плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе значи влошување на односите меѓу Македонија и Грција. „Во контекстот на ова прашање, најдобро што можам да сторам и ќе го сторам во моментов е да речам дека ќе видиме што ќе се случи. Какво влијание ќе има тоа на извештајот, чекаме одговор, чекаме да видиме како ќе се одвиваат работите. Јасно е дека работиме на извештајот, но тој излегува дури во октомври. Добрососедските односи се меѓу двајца соседи и треба да видиме како ќе се развиваат работите. Како и претходно, имавме коментари по ова прашање и би се изненадил ако нема коментари за ова и во наредниот период, но моментално не можеме да оцениме што ќе се случи. Ќе треба да почекаме“, рече Соренсен. Проектот „Скопје 2014“ и поставувањето на спомениците во централното градско подрачје – причина за коментар и на Барт Стаес, шеф на делегацијата на Комитетот за буџетска контрола на Европскиот Парламент, која деновиве е во посета на земјава. Генералниот негов став е – важно е да се инвестира во инфраструктурата, образованието и помагањето на ранливите групи. „Она што се случува со спомениците е една пинг-понг игра помеѓу различните страни. Мора да признаам – јас не сум љубител на пинг-понгот, јас сум љубител на тенисот“, рече Стаес. /крај/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Поради дефект, без вода ќе останат дел од корисниците во Аеродром

Објавено пред

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник ф-150 мм на ул. Горно Лисиче бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: Ѓорѓи Андреевиќ Кун и 12-та Македонска ударна бригада (Општина Аеродром).

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром

Објавено пред

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,без електрична енергија ќе останат делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Аеродром.

Од 08:00 до 14:00 часот, без струја ќе биде селото Орман (Општина Ѓорче Петров), од 08:30 до 14:00 часот, улици 14 и 16 во селото Сопиште (Општина Сопиште), од 09:00 до 14:00 часот, ул. Генерал Михајло Апостолски од бр. 1 до бр. 50 и бул. Партизански Одреди од бр. 51 до бр. 81 (Општина Карпош) и од 10:30 до 12:00 часот, објектите на патот од с. Горно Лисиче кон с. Долно Лисиче (Општина Аеродром).

Прикажи повеќе...

Македонија

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Објавено пред

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска.

Како што информира претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, било утврдено дека треба да гласаат 759 лица.

„Разликата што се јавува во бројките што ги соопштивме претходно е од причина што одлучувавме и прифативме одредени приговори од граѓани“, појасни Дерковски.

Додаде дека гласачките места во следните денови ќе бидат безбедни и ги повика сите граѓани да излезат и да го остварат нивното гласачко право.

Од ДИК образложија дека ливчињата од гласањето денеска и утре остануваат запечатени во пликоата што се наоѓаат во гласачките кутии. Велат дека не постои начин да се отворат овие ливчиња и да се провери кој за кого гласал до завршувањето на изборниот процес.

Утре гласаат болните и немоќните, како и лицата во казнено-поправните установи.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион19 минути

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател Хашим Тачи по шест часовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе...

Македонија12 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија13 часа

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија13 часа

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија16 часа

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ16 часа

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија16 часа

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија17 часа

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет20 часа

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Европа21 час

Германците одложиле 50.000 онколошки операции поради коронавирусот

Поради пандемијата на коронавирус во Германија се одложени десетици илјади онколошки операции, терапии и мерки за рано откривање на карцином,...

Топ22 часа

Повредени 11 мигранти во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип

Единаесет мигранти се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Радовиш – Штип во која учествувале два...

Топ22 часа

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за соучесништво во убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска доби 19-годишна казна затвор поради свирепото убиство на Пино Секондо. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна, односно...

Македонија22 часа

Почна изборниот процес, гласаат 706 лица кои се во самоизолација

Денеска е првиот ден од тридневниот гласачки процес за предвремените парламентарни избори во Македонија, кои ќе завршат в среда. Од...

Регион23 часа

При дефект на рингишпил во Сомбор повредени осум деца, три од нив потешко

Како што објавија српските медиуми, синоќа околу 20:30 часот се случила несреќа во Србија во село кај Сомбор. Локалните портали...

Регион23 часа

Од денеска во Хрватска задолжително е носење маска

Од денеска во Хрватска е задолжително носењето маска во продавниците. Маски, исто така, ќе мора да носат и вработените во...

Свет23 часа

(Видео) Експлозија и пожар на американски воен брод

Во експлозија и пожар што избувнал на американски брод во Калифорнија се повредени 21 лице, соопштија локалните власти. Американските медиуми...

Свет1 ден

Од коронавирус заболени 12,7 милиони луѓе во светот

Според Универзитетот „Џон Хопкинс“, 12,7 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а повеќе од половина милион починале. Во...

Регион1 ден

Хашим Тачи на сослушување во Хаг

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска во Хаг треба да биде сослушан од меѓународните обвинители за воени злосторства. Тoj беше врвен...

Македонија1 ден

Почнува тридневното гласање – први ќе се изјаснат заразените со Ковид-19 и лицата во самоизолација

На полноќапочна предизборниот молк, кој ќе трае до среда, кога ќе се одржат парламентарните избори во земјава. Денеска ќе гласаат...

Македонија2 дена

Бројот на заболени од коронавирус во земјава надмина 8.000 лица

Од почетокот на пандемијата во Македонија, досега заболеле 8.111 лица, откако само денеска беа регистрирани 136 новозаболени. Според последните информации, вкупната...

Досие