Македонија
ЕП: Македонија да ги зголеми капацитетите за апсорпција на европските фондови
Македонија треба да работи на зголемување на капацитетите за апсорпција на европските претпристапни фондови, велат од делегацијата на комитетот на буџетска контрола, чии преставници ја заокружија дводневната посета на Македонија.
Македонија треба да работи на зголемување на капацитетите за апсорпција на европските претпристапни фондови, велат од делегацијата на комитетот на буџетска контрола, чии преставници ја заокружија дводневната посета на Македонија.Велат дека работите генерално се движат во позитивна насока, но препорачуваат земјата да ги зголеми капацитетите со цел што поголемо искористување на фондовите што се на располагање. „Вие треба да ги зајакнете своите капацитети и да ги зголемите можностите за апсорпција за поголеми суми пари во различни области, не само за изградба на нови патишта, туку и за инвестиции во многу други важни сектори, како што е здравството, социјалниот сектор, земјоделството и така натаму. Се надевам дека во иднина вие тоа ќе го направите“, вели Зигмантас Балцитис, член на делегацијата. „Ние сакаме да видиме дека парите од Европската Унија се трошат на проекти што ќе бидат во полза на луѓето од вашата земја. Токму затоа, во текот на посетата го проверивме спроведувањето на неколку проекти“, рече Дерек Вон, член на делегацијата. Претставниците на делегацијата вчера и денеска се сретнаа со Државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Јован Андоновски, со претседателот на анти-корупциската комисија, Воислав Зафировски и претставници на Делегацијата на Европската Комисија во Скопје, а лично се уверија за спроведувањето на два проекта во Скопје и во Тетово. Велат дека се работи за редовна посета на земјата.„Причината зошто дојдовме овде не беше поради можна злоупотреба на средства. Овој тип на посети се закажани многу однапред. Ние планиравме да дојдеме во овој дел од западниот Балкан уште пред година и половина“, рече Барт Стаес, шеф на делегацијата. Во рамки на посетата на западниот Балкан, делегацијата претходно го посети Косово. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре, делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека утре, 03.03.2026 година ( вторник ), поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на ул. Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија. (Општина Центар)
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во с. Бојане, во наредните 4 дена ( 03.03 до 06.03.2026 г.) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане. (Општина Сарај)
Македонија
Утре без струја делови од Карпош и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 03.03.2026 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток. (Општина Бутел)
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а. (Општина Карпош)
Македонија
Утре сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и температура до 20 степени
Утре, сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

