Македонија
Два нови споменика во центарот на Скопје
Две нови спомен обележја ќе се подигнат во центарот на Скопје.
Две нови спомен обележја ќе се подигнат во центарот на Скопје.
Советот на Општина Центар ги изгласа денеска предлог одлуките за подигнување на споменици на дејците Христо Узунов и Васил Чакаларов.
Првиот ќе биде поставен спроти Министерството за правда на улицата Димитрие Чуповски, а вториот на новопредвидениот кружен тек на улицата Васил Гологанов.
Градоначалникот на Центар Владимир Тодоровиќ, смета дека двата споменика би чинеле по околу 70.000 евра.
Опозициските советници се против предлог-одлуките за подигнување на двете спомен обележја, бидејќи според нив, Министерството за култура, кој е предлагач на оваа програма, не ја дефинира висината на средствата за нивно подигање.
„Според биографијата на Чакаларов и Узунов, не гледам локално значење за подигање на нивно спомен обележје во Општина Центар“, рече Дончо Герасимовски од советничката група на СДСМ.
Советниците од опозицијата останаа воздржани и при изгласувањето на извештајот за подигање на спомен обележје на Пјетр Богдани, Јосиф Багери и Неџет Аголи, бидејќи како што рекоа, сите овие споменици се изработени од албански автори, што според нив, не е добро за соживотот во Македонија.
Изработката на трите споменици е во напредна фаза и ќе бидат поставени пред Стариот театар, во паркот Жена-борец и до споменикот на Гоце Делчев.
За трите споменика во Општината се пристигнати седум трудови. Првонаградените трудови се со по 200.000 денари. Автор на споменикот на Пјетр Богдани е Љиндита Бекири, за споменикот на Јосиф Багери првонаграден е скулпторот Муамер Садику, а на Неџат Аголи автор е Исмет Рамиќевиќ.
Скулптурата на Александар Македонски ќе биде поставена на постаментот за шест до седум дена, а целата фонтана треба да биде завршена во септември.
Градоначалникот Тодоровиќ не сакаше да ги коментира реакциите за овој споменик и рече дека името на скулптурата ќе остане „Воин на коњ“. Според него, Комисијата за подигање на споменикот ќе избере каква музика ќе се свири од фонтаната и најверојатно тоа ќе бидат традиционални и македонски рефрени. /крај/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

