Македонија
Европската асоцијација на универзитети со позитивна оценка за „Кирил и Методиј“
Европската асоцијација на универзитетите во втората надворешна евалуација на работата на Универзитетот „Кирил и Методиј“, даде позитивна оценка, но и препораки што понатаму треба да се сработи.
Европската асоцијација на универзитетите во втората надворешна евалуација на работата на Универзитетот „Кирил и Методиј“, даде позитивна оценка, но и препораки што понатаму треба да се сработи.
Како што кажа денеска ректорот на Универзитетот, проф. Д-р Велимир Стојковски, се евалуирале квалитетот на наставата, односот на професорите со студентите, финансиската успешност и како универзитетот се справува со средствата што го има на располагање.
Експертскиот тим, како дел од евалуацијата, направил и анонимна анкета на 1.400 студенти со околу 80 прашања.
„Експертскиот тим кој во Скопје престојуваше во април годинава, го поздравува избраниот модел на интеграција , мотивираноста на менаџментот во спроведувањето на реформите неопходни за обезбедување на функционална интеграција како и позитивната оценка на студентите кон Универзитетот“, рече Стојковски.
Тој додаде дека во извештајот стои и дека со промените од првичната надворешна евалуација во 2003 и првата последователна евакуација во 2008 година, Универзитетот денес претставува вистински европски универзитет.
Покрај позитивната оценка во Извештајот се дадени и препораки, што побрзо да започне практично заживување на докторските студии, да се продолжи со процесот на усогласување на студиските програми со Националната рамка на квалификации и да се зголеми мобилноста на студентите преку обезбедување стипендии од страна на државата и стопанството.
„Она што го добивме е показател дека универзитетот нормално како и сити останати универзитети се соочуваат со одредени потешкотии, но е на вистинскиот пат за подигнување на квалитетот, негова функционална интеграција за подобрување на сите елементи“, рече Стојковски./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

