Македонија
Поставен споменикот „Воин на коњ“

Споменикот „Воин на коњ“ тежок 35 тони, претпладнево со специјален кран беше подигнат и поставен на постаментот на плоштадот „Македонија“.
Споменикот „Воин на коњ“ тежок 35 тони, претпладнево со специјален кран беше подигнат и поставен на постаментот на плоштадот „Македонија“.Стотици граѓани со знамиња во рацете и со патриотски песни го проследија получасовното подигнување на споменикот популарно наречен „Александар Македонски“.„Горда сум што денеска тука ве има во многу голем број, што дојдовте да го посетите споменикот на кој работев со години и се надевам дека кога ќе биде комплетиран со сите пропратни фигури ќе се покаже вистинската слика. Горда сум што ова ќе остане во македонско наследство за сите генерации“, изјави авторката на споменикот Валентина Стевановска.За градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој го проследи поставувањето споменикот, ова е значајно, како за историјата на Македонија, така и за развојот на туризмот.Бронзената скулптура „Воин на коњ“ е висока 13 метри поставена на постамент со височина од 10 метри. Скулптурата е поставена на мермерна фонтана која заедно со осумте лавови и воини и со сите пропратни елементи како озвучување и светлосни ефекти се очекува да биде завршена до септември.Споменикот се лееше во леарниците „Фердинандо Маринели“ од Фиренца. Целиот проект чини околу 9,4 милиони евра. крај/ксCopyright 2011 makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Петровец без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија, ги информира граѓаните дека на ден 13.09.2025 година (сабота) ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, без струја ќе останат корисниците на ул. 5 во село Огњанци (потег од основното училиште до маркет „Перо“), во општина Петровец.
Македонија
Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h). Во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Дел од Центар денес без вода поради дефект на водоводната мрежа

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, ги информира граѓаните дека на ден 13 септември 2025 година (сабота) ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од Центар.
Поради уличен дефект на цевка со пречник Ф-275 мм на бул. „11 Октомври“ бб, кај Зелениот пазар, без вода ќе останат корисниците на потегот од Собранието до бул. „Кочо Рацин“, како и дел од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Прекинот ќе започне во 8 часот и ќе трае сè до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.