Македонија
Нови кавги на судењето „Пајажина“- адвокатите приговараат на записниците
Одбраната од случајот „Пајажина“ на денешното продолжение на судењето приговараше на записникот од минатата седница добиен по електронски пат, кој наместо на 7 страници беше на 17.
Одбраната од случајот „Пајажина“ на денешното продолжение на судењето приговараше на записникот од минатата седница добиен по електронски пат, кој наместо на 7 страници беше на 17.
Во записникот од 14 јуни се наведува дека главниот претрес е започнат, дека обвинителката Гордана Гешковска го прочитала обвинението, сите обвинети дале свој исказ и оти остануваат на она што го кажале пред Истражниот судија.
Кај адвокатите дошла дактилографката, која го правела записникот и кажала дека секогаш записниците ги составувала пред време.
Според судскиот совет вака составениот записник од страна на дактилографката е само техничка грешка.
Првообвинетиот Велија Рамковски смета дека ваквиот чин е политички монтиран процес.
„Ова не е техничка грешка и не верувам дека дактилографката е до толку трудољубива. Мене ова ме упатува на тоа дека е политички монтиран процес, наместен и режиран пред време. Можеби некаде постои и готова пресуда“, рече Рамковски.
Адвокатот Мирослав Вујиќ исто така побара и невропсихијатриско вештачење на писмениот налог од психијатриска ординација од Скопје, во кој стои дека Ѓултен Џемаили може да го следи текот на главниот претрес.
Вуиќ смета дека е потребно вештачење затоа што ординацијата по новиот закон за добивање лиценца нема добиено лиценца за вешто лице.
На денешното рочиште беше предвидено да биде прочитан обвинителниот акт, како и првообвинетиот Рамковски да даде исказ пред судот. Процесот беше одложен на 14-ти јуни, откако една од обвинетите не беше во здравствена состојба да продолжи со следење на главниот претрес.
Судскиот совет го прифати предлогот на адвокатите да се изврши медицински преглед во стручна установа на обвинетата Ѓултен Џемаили, по што лекарите треба да се произнесат дали Џемаили е способна да го следи судењето.
На синот на Велија, Хеди Рамковски ќе му се суди во отсуство.
Во обвинителниот акт образложен на 79 страници, Велија Рамковски и останатите 22 обвинети се товарат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари и други приноси од казниво дело, злоупотреба на службената положба и овластување и оштетување или повластување доверители, а тројца од групата обвинети за спречување на докажување./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.