Македонија
Груевски и Папандреу изразија подготвеност за наоѓање решение за прашањето за името
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска на маргините од Европскиот Совет во Брисел, се сретна со својот грчки колега, при што е изразена подготвеност за изнаоѓање на решение околу прашањето за името.
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска на маргините од Европскиот Совет во Брисел, се сретна со својот грчки колега, при што е изразена подготвеност за изнаоѓање на решение околу прашањето за името.Како што известуваат од Владата, двајцата премиери се согласни дека решението треба да оствари низ дијалог и динамичен процес под покровителство на Обединетите нации.Двајцата премиери разговарале за прашањата од заемен интерес, економските ситуации и предизвици во двете земји и за состојбите во регионот, се додава во соопштението на Владата на Република Македонија. Средбата е дел од континуираниот македонско-грчки дијалог и во насока на подобрување на квалитетот на односите меѓу двете земји. Ова беше десетта средба меѓу Груевски и Папандреу и прва по предвремените парламентарни избори во Македонија.
Преmиерот Никола Груевски денеска во Брисел имаше средба и со еврокомесарот за проширување Штефан Фуле.Како што соопшти кабинетот на Фуле по средбата „2011 година може да биде година на можност за процесот на проширување на Западен Балкан и ние сакаме да се осигураме дека Скопје е меѓу оние земји во регионот кои водат на патот кон подлабоко интегрирање во Европската унија“.Еврокомесароt Фуле и високиот претстваник на Унијата Кетрин Ештон ги поздравија транспарентните и демократски избори, особено денот на изборите и врз основа на тоа очекуваат брзо формирање на новата влада. На средбата со комесарот Фуле, премиерот Груевски го информирал за реформите што ги прави Владата за исполнување на Копенхашките критериуми за членство, а била договорена и натамошна интензивна соработка за спроведување на реформскиот процесс во областа на судството, јавната администрација и борбата против корупцијата./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

