Контакт

Македонија

Викендов ветровито и пад на температурите

Објавено пред

Викендов се очекува намалување на температурите, во северните делови од земјата и 10 степени. Намалувањето на температурите ќе биде проследено со силен ветер кој ќе достигнува брзина и до 80 километри на час.

dobivaj vesti na viber

Викендов се очекува намалување на температурите, во северните делови од земјата и 10 степени. Намалувањето на температурите ќе биде проследено со силен ветер кој ќе достигнува брзина и до 80 километри на час. Кон крајот на денешниот ден се и во текот на ноќта се очекува продор на посвежа воздушна маса од север, што ќе услови развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и силен северен ветер.  Утре минималните температури ќе се движат од 15 до 22 степени, а максималните температури ќе се искачат од 23 до 32 степени. Во недела температурите дополнително ќе паднат, минималните ќе се движат од 9 до 16 степени,а максималните дневни од 21 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје и околината викендов сончево, со локална облачност  и дневна температура до 26 Целзиусови степени. /крај/ухрм/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Како во Кочани!“ – О2 алармира за складирање отпад во штала во населена улица во Трубарево

Објавено пред

О2 иницијатива реагираше по повод пожарот што денеска избувна во скопското село Трубарево, нагласувајќи дека местоположбата и условите каде што се складира отпадот се недозволиви и опасни.

dobivaj vesti na viber

Од иницијативата алармираат дека чадот од пожарот се шири над Скопје и дека станува збор за складиште со електронски и електричен отпад, сместено во штала во населена улица:

„Како во Кочани со дискотеката! И тоа во населена улица! Добро бе, има ли некој нормален во државава?! Има ли некој што спроведува стандарди и почитува правилници?!“, стои во реакцијата.

Тие додаваат дека жителите на Трубарево со години се жалат дека улицата им е претворена во депонија, откако носачи на отпад од различни делови на земјата го оставаат таму, загадувајќи ја средината.

Во јавноста првично беше објавено дека пожарот избувнал во капацитетите на фирмата „Нула Отпад“, но подоцна стана јасно горат објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Објавено пред

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад.

dobivaj vesti na viber

Претходно официјалните лица објавија дека се работи за пожар во „Нула отпад“, но информацијата ја коригираа, потенцирајќи дека нејзините објекти не се зафатени со пожар.

Засега нема информации дали има повредени и колкава штета е причинета, а според видеата може да се забележи дека се работи за интензивен пожар кој е видлив од сите делови од Скопје.

Пожарот се гасне од земја и од воздух.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Објавено пред

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските депонии.

dobivaj vesti na viber

Во депонијата „Дрисла“, каде што изминатите денови беше присутно интензивно чадење, Ангелов посочи дека се преземени сериозни мерки:

„Направивме два пристапни земјени патишта до местото кадешто се случува чадењето. Денес, со засилен број механизација – багери, камиони, булдожери – се чисти теренот и се работи на затрупување. Очекувам добар дел од местото во текот на денот да биде целосно затрупано.“

Дополнително, побарана е нова механизација, а се отвора и нов фронт за работа за повеќе градежни машини.

Во депонијата „Вардариште“, каде што исто така имаше чадење претходните денови, ситуацијата е оценета како стабилна, но и таму продолжуваат активностите:

„Се работи на затрупување на локацијата каде што чадеше. Поставени се термални камери со цел навремено да се идентификуваат и пресретнат лица кои евентуално би се обиделе повторно да предизвикаат чадење,“ додаде Ангелов, истакнувајќи дека на терен се и засилени полициски патроли.

Во меѓувреме, изби и нов пожар во скопското село Трубарево, во објектите на Ф – ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад. Претходно надлежните објавија дека се работи за „Нула отпад“, но информацијата ја коригираа потенцирајќи дека нејзините објекти не се зафатени со пожар.

„Се работи за сериозен пожар. Хермелините се веќе упатени натаму, едниот од нив е веќе на пат кон Трубарево“, соопшти Ангелов. Ќе се интервенира и од воздух.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија54 минути

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија2 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет5 часа

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија6 часа

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија7 часа

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...

Свет8 часа

(Видео) Вдовицата на Чарли Кирк: Немате поим што ослободивте

Ерика Кирк, сопруга на убиениот десничарски активист Чарли Кирк, одржа емотивен говор во седиштето на „Трнинг поинт УСА“ во Аризона....

Свет9 часа

Бабата на убиецот на Кирк тврди дека нејзиниот внук е невин: Збунета сум, немаме демократи во семејството

Бабата на 22-годишниот Тајлер Робинсон, уапсен под сомнение дека е одговорен за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, тврди дека...

Македонија10 часа

Денес топло време, од утре нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно...

Свет20 часа

(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –...

Македонија21 час

Имало три нови обиди за палење на „Дрисла“, Ангелов најави засилено обезбедување, полицијата разговара со вработените

Криминалистичката полиција разговара со вработените за можни потпалувачи, чадењето сè уште активно.  Криминалистичката полиција денеска разговара со вработени во ЈП...

Македонија22 часа

Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори

Собранието на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на...

Свет24 часа

Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши...

Свет24 часа

Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк. Клучна...

Свет24 часа

Таткото на убиецот на Кирк имал клучна улога за апсењето, го препознал синот и пријавил

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврди дека осомничениот е 22-годишниот Тајлер Робинсон, кој разговарал со членовите на семејството на вечера...

Топ1 ден

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија1 ден

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...