Македонија
Хелсиншки: Нема поместувања за промоција и заштита на човековите права
Во 2010 во Македонија не се направени никакви поместувања во насока на поголема промоција и заштита на човековите права и слободи, заклучува македонскиот Хелсиншки комитет во годишниот извештај.
Во 2010 во Македонија не се направени никакви поместувања во насока на поголема промоција и заштита на човековите права и слободи, заклучува македонскиот Хелсиншки комитет во годишниот извештај.„Во името на подобрување на состојбите и усогласување со европската легислатива, извршната власт „на врат на нос“ ги провлече безмалку сите закони низ законодавниот дом во кој апсолутното мнозинство ја имаше улогата на беспоговорна гласачка машинерија, не водејќи притоа сметка дека легалниот систем почнува да генерира проблеми кога се доаѓа до имплементацијата, што беше и една од забелешките во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија во 2010 година“, забележуваат од Хелсиншкиот комитет.Според в.д претседателот на Хелсиншки комитет, Осман Кадриу сето ова довело до ситуација голем дел од законите да бидат се со сериозни недостатоци, посочувајќи го како пример Законот за заштита од дискриминација.„ Наместо овој закон да ја промовира идејата на еднаквост и недискриминација, самиот процес на кој беше промовиран и донесен издвои одредени групи на граѓани и ги стигматизира уште повеќе со што ги подложи на висок ризик од насилство кон нив“, смета Кадриу.За Законот за електронски комуникации од Хелсиншкиот комитет се задоволни што по нивна иницијатива, Уставниот суд ги поништи измените кои беа направени во законодавниот дом. Со тоа сметаат дека се исправила грешката на законодавното тело и оти е даден придонес во заштитата и почитувањето на есенцијалните човекови права меѓу кои се и правото на приватност на личниот и семеен живот на граѓанинот, на достоинството и угледот на личноста.Хелсиншкиот комитет порачува дека примената на посебните истражни мерки мора да се ограничи само на ситуации доколку се работи за повисока општествена опасност што е пропорционална и соодветствува со дерогација на основните права и слободи на човекот.Судската власт како што се посочува во Извештајот во својата пракса се покажа исклучително сервилна и подложна на притисоци.„Владините “реформи“ и во овој сегмент го зедоа својот данок. Постапките на судовите во голем број на случаи беа инструирани од извршната власт“, рече Кадриу.И покрај тврдењето на Министерот за ажурноста и успешноста во решавањето на судските случаи, од Хелсиншкиот комитет укажуваат дека извештаите за работата на судовите се сомнителни затоа што не даваат реална бројка на правосилно решени предмети. Исто така забележуваат дека се препишува мерката притвор без разлика за видот на делото, обвинетите се држат до законскиот максимум и многу често без било какво реално оправдание.„Алтернативните мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот во постапката, особено во почетокот на кривичната постапка, воопшто или многу ретко се користат. Потврда на укажувањата на Хелсиншкиот Комитет за употребата на мерката притвор стигна и преку пресуда на Судот во Стразбур со која се констатира дека Република Македонија во случајот “Змиско око“ ја прекршила Конвенцијата со тоа што не обезбедила доволно причини за своите граѓани да ги држи повеќе од осум месеци во постојан притвор“, се констатира во редовниот годишен извештај на Хелсиншкиот комитет за состојбите на човековите права.За борбата со криминалот на власта, според Хелсиншкиот комитет резултатите биле серија спектакуларни апсења, полициски акции со егзотични имиња, а за кои како што посочуваат во најголем број ниту имаше претходно обезбедено докази ниту до крај испочитувана полициска процедура.„Без разлика на исходот од судските процеси во овие случаи, недвосмислено се наметнува чувството дека покрај другото станува збор и за политички реваншизам кон “противничкиот“ табор и селективност во пристапот„, се заклучува во Извештајот.Кадриу за случајот со убиството на Мартин Нешковски смета дека институциите треба да ја превземат целосната одговорност. Но според него, бидејќи настанот се случил во изборен ден, треба да се бара и политичка одговорност. За барањето на Хелсиншкиот комитет да го посетат Љубе Бошковски во затвор, Кадриу информираше дека им е одбиено./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

