Македонија
Њујорк тајмс: Македонија ја вoзвишува старата слава

Поставувањето на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија во Скопје, предизвика внимание и кај угледниот американски весник „Њујорк тајмс“, кој денеска објавува репортажа на две страни.
Авторот во воведот на текстот пишува дека Бугарите во Македонците гледаат Бугари кои говорат со акцент. Србија го користи терминот за државата Јужна Србија и одбива да ја признае автономноста на црква, а Грција обвинува за крадење на името, идентитетот и националните симболи.Во прецизно дефинира демонстрација на политичко и цивилно инженерство, работниците на централниот плоштад во главниот град Скопје ја поставија 14,5 метри високата бронзена статуа на Александар Велики, тешка 30 тони на 15 метри високиот пиедестал, се наведува во текстот.„Ова е начин Македонија да го афирмира своето национално постоење“, вели Василики Неофотицос, антрополог на државниот универзитет Њујорк во градот Бафало, кој го проучува политичкиот идентитет на Македонија. „Македонија на овој начин сака да ја унапреди тезата дека ова е камен-темелникот на западната цивилизација“, смета Неофотицос. Повеќе нема филозофска дилема. Македонија се наоѓа во најтешкиот пост-комунистички период. Грција веќе 20 години ги држи во заложништво нејзините меѓународни односи, бидејќи смета дека името Македонија припаѓа на хеленскиот идентитет и дека грчката северна провинција го носи тоа име.Ако не може да има богатство, Македонија, држава со 31 отсто стапка на невработеност, сака биде призната. Играњето на картата на наоѓање на врски со антички глобална славна личност, им импонира на луѓето, кои што се чувствуваат маргинализирани со векови.„Ние сме многу горди на Александар“, вели Петко Божиновски (48), облечен во црна маица со македонско знаме, аплаудирајќи заедно со неколку стотина лица на поставувањето на споменик во вторникот.„Конечно, нашиот Александар се врати во својата татковина“, додаде Петковски.Проектот е контроверзен, чини 9,4 милиони евра, односно 13 милиони долари. Но, некои работи се бесценети, велат фановите на споменикот.На Македонија и беше ветен прием во НАТО во 2008 година, но Грција стави вето поради нерешениот спор со името. Во 2005 година, Македонија исто така доби кандидатски статус за влез во Европската унија, но се уште нема добиено датум за старт на преговорите, поради противењето на Грција.„Зошто ние би требале да го смениме името заради Грција?“, вели Алекс Трајановски пензиониран дипломат, кој додава дека Македонија е призната под уставното име од 135 држави.Грција е подеднакво тврдоглава. Новиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис на своите помошници им рече дека поставувањето на споменикот ќе биде една од главните точки во надворешната политика и оцени дека станува збор за провокација која предизвика иредентизам и е најголема закана за Балканот.Њујорк тајмс во текстот ги информира читателите за историјата на спорот околу името, како и за тужбата што ја покрена Македонија пред меѓународниот суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.