Контакт

Македонија

Хелсиншки: Нема поместувања за промоција и заштита на човековите права

Објавено пред

Во 2010 во Македонија не се направени никакви поместувања во насока на поголема промоција и заштита на човековите права и слободи, заклучува македонскиот Хелсиншки комитет во годишниот извештај.

dobivaj vesti na viber

Во 2010 во Македонија не се направени никакви поместувања во насока на поголема промоција и заштита на човековите права и слободи, заклучува македонскиот Хелсиншки комитет во годишниот извештај.„Во името на подобрување на состојбите и усогласување со европската легислатива, извршната власт „на врат на нос“ ги провлече безмалку сите закони низ законодавниот дом во кој апсолутното мнозинство ја имаше улогата на беспоговорна гласачка машинерија, не водејќи притоа сметка дека легалниот систем почнува да генерира проблеми кога се доаѓа до имплементацијата, што беше и една од забелешките во Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија во 2010 година“, забележуваат од Хелсиншкиот комитет.Според в.д претседателот на Хелсиншки комитет, Осман Кадриу сето ова довело до ситуација голем дел од законите да бидат се со сериозни недостатоци, посочувајќи го како пример Законот  за заштита од дискриминација.„ Наместо овој закон да ја промовира идејата на еднаквост и недискриминација, самиот процес на кој беше промовиран и донесен издвои одредени групи на граѓани и ги стигматизира уште повеќе со што ги подложи на висок ризик од насилство кон нив“, смета Кадриу.За Законот за електронски комуникации од Хелсиншкиот комитет се задоволни што по нивна иницијатива, Уставниот суд ги поништи измените кои беа направени во законодавниот дом. Со тоа сметаат дека се исправила грешката на законодавното тело и оти е даден придонес во заштитата и почитувањето на есенцијалните човекови права меѓу кои се и правото на приватност на личниот и семеен живот на граѓанинот, на достоинството и угледот на личноста.Хелсиншкиот комитет порачува дека примената на посебните истражни мерки мора да се ограничи само на ситуации доколку се работи за повисока општествена опасност што е пропорционална и соодветствува со дерогација на основните права и слободи на човекот.Судската власт како што се посочува во Извештајот во својата пракса се покажа исклучително сервилна и подложна на притисоци.„Владините “реформи“ и во овој сегмент го зедоа својот данок. Постапките на судовите во голем број на случаи беа инструирани од извршната власт“, рече Кадриу.И покрај тврдењето на Министерот за ажурноста и успешноста во решавањето на судските случаи, од Хелсиншкиот комитет укажуваат дека извештаите за работата на судовите се сомнителни затоа што не даваат реална бројка на правосилно решени предмети. Исто така забележуваат дека се препишува мерката притвор без разлика за видот на делото, обвинетите се држат до законскиот максимум и многу често без било какво реално оправдание.„Алтернативните мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот во постапката, особено во почетокот на кривичната постапка, воопшто или многу ретко се користат. Потврда на укажувањата на Хелсиншкиот Комитет за употребата на мерката притвор стигна и преку пресуда на Судот во Стразбур со која се констатира дека Република Македонија во случајот “Змиско око“ ја прекршила Конвенцијата со тоа што не обезбедила доволно причини за своите граѓани да ги држи повеќе од осум месеци во постојан притвор“, се констатира во редовниот годишен извештај на Хелсиншкиот комитет за  состојбите на човековите права.За борбата со криминалот на власта, според Хелсиншкиот комитет резултатите  биле серија спектакуларни апсења, полициски акции со егзотични имиња, а за кои како што посочуваат во најголем број ниту имаше претходно обезбедено докази ниту до крај испочитувана полициска процедура.„Без разлика на исходот од судските процеси во овие случаи,  недвосмислено се наметнува чувството дека покрај другото станува збор и за политички реваншизам кон “противничкиот“ табор и селективност во пристапот„, се заклучува во Извештајот.Кадриу за случајот со убиството на Мартин Нешковски смета дека институциите треба да ја превземат целосната одговорност. Но според него, бидејќи настанот се случил во изборен ден, треба да се бара и политичка одговорност. За барањето на Хелсиншкиот комитет да го посетат Љубе Бошковски во затвор, Кадриу информираше дека им е одбиено./крај/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Објавено пред

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Објавено пред

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.

dobivaj vesti na viber

Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.

„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.

Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.

Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“

Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

Објавено пред

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.

dobivaj vesti na viber

Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел).  Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.

Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште;  Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на...

Свет4 часа

Голем број деца исчезнаа во поплавите во Тексас, потврдени 27 жртви

Околу 27 луѓе, меѓу кои и девет деца, загинаа во поплавите во централниот дел на Тексас, соопштија властите денеска, додека...

Македонија12 часа

(Видео) Со див приклучок на водоводната мрежа полевал илјадници метри земјиште – Град Скопје поднесе кривична

Град Скопје информира дека денеска е откриен нов див приклучок на мрежата за питка вода на подрачјето на општина Сарај,...

Македонија13 часа

„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската...

Топ13 часа

Куќен притвор за возачот што го усмрти Југослав на кеј, претходно бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Судот му определи куќен притвор на 25-годишниот скопјанец кој со мотор без дозвола го усмрти Југослав Николовски (68) на пешачка...

Топ14 часа

17-годишник загина во сообраќајка во Кичево – возел мотор и се судрил со „ауди“

Несреќа со смртни последици се случи вчера во Кичево, пришто животот го загуби 17-годишно момче од овој град, кое управувало...

Свет16 часа

Трамп го потпиша својот „голем, прекрасен“ закон: „Никогаш не сум видел толку среќни луѓе“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера во Белата куќа потпиша голем пакет даночни олеснувања и намалувања на јавните трошоци, на...

Македонија17 часа

Пеколни горештини во Македонија, температурата денес ќе достигне 41 степен

Македонија е под топлотен бран. Според метеоролозите, времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална...

Македонија17 часа

Маргини: Луѓето не заминуваат оти се откажале од формирање семејства, туку зашто државата се откажала од нив

Коалицијата Маргини ја осудува изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе...

Спорт17 часа

Тенис на Вимблдон или трки на коњи во Аскот

Танталови маки за англиската аристократија Од специјалниот известувач од Вимблдон Во Велика Британија временските прилики се најчесто неприлики доколку планирате...

Македонија1 ден

Османи: Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за популистичка егзибиција, време е да се престане со националистичко родео

Владата направи огромна грешка што го постави јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција. Со тоа тие ја...

Топ1 ден

Претходно осудувано лице: скопјанецот кој го усмрти пешакот со мотоцикл, немал возачка дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен скопјанец, осомничен за -Тешки дела против безбедноста на...

Топ1 ден

МНР со детали за несреќата во Србија: загинатиот Македонец има 39 години, тешко повреден е уште еден македонски државјанин

МНР соопшти дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е доставена информација за сообраќајна незгода. Според соопштението несреќата...

Македонија1 ден

МВР со апел до граѓаните: да не отвораат линкови од СМС пораки, можат да бидат цел на криминални групи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број...

Македонија1 ден

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку, се празнат училниците

Во седум изминати години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се...

Македонија1 ден

Предлогот на Мицкоски за даночење на самците кореспондира со идеите од авторитарни режими, реагира Мрежата за заштита од дискриминација

За време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, претседателот на...

Топ1 ден

Драма во Шуто Оризари – насилници со палки, боксови и со клоци претепале вработен во „Водовод“

Тројца насилници со железни и дрвени палки, клоци и боксови претепале вработен во „Водовод“ пред пунктот на претпријатието во Шуто...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против директорот на болницата за геријатрија за примање поткуп од 20.000 евра

Обвинителството поднесе обвинение против директорот на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје, Мухсин Арифи, и уште за...

Македонија2 дена

Владата размислува да ги даночи немажените и неженетите, рече Мицкоски

Владата размислува за дополнителни даноци за немажени и за неженети, соопшти премиерот Христијан Мицкоски говорејќи дека е време за држава во...

Македонија2 дена

Од денеска до вторник топлотен бран во Македонија, се активираат препораките за заштита на населението

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во согласност со прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за...