Македонија
Цане Партибрејкерс:Во Охрид ќе направиме супер журка!
Во Охрид на „Пиво фестот“ ќе ги свириме најголемите хитови на Партибрејкерс. Групата постои во ист состав веќе цели 29 години и ќе направиме врвна журка со посебна програма.
Во Охрид на „Пиво фестот“ ќе ги свириме најголемите хитови на Партибрејкерс. Групата постои во ист состав веќе цели 29 години и ќе направиме врвна журка со посебна програма.Вака лидерот на Партибрејкерс Зоран Костиќ – Цане го најавува настапот на овогодишното издание на охридскиот „Пиво фест“. Партибрејкерси ќе настапат на отворањето на фестивалот, во четврток на 28. јули.За изминативе, полни 29 години групата сними седум студиски албуми. Последниот е насловен како „Слобода или ништа“. Прашање е што значи слобода? Дали постои правда за сите луѓе кои се оковани со неправда?, вели Цане.„Ако човек има некоја слобода, тогаш нема сигурност. Ако има сигурност, нема слобода. Дали е слободата дивјаштво, право да правиш што сакаш? Или слобода значи да се чувствуваш добро, да не си должен никому и да имаш право на мирен сон? Слобода е да ги забележуваш убавите работи кои постојат на светот, а ги има така малку. Слобода е да ги гледаш своите деца и да мочкаш од среќа што го имаш сето тоа“, смета Цане.Фронтменот на култните Партибејкесри вели дека обично не сака да гледа наназад, бидејќи се уште не кажал се во музиката.„Подготвуваме нова плоча и имаме супер материјал. Минатото е онаму каде што треба да биде. Имам таван, но не сакам да поминувам многу време таму. Единствено кога треба да простирам алишта. Затоа дојдете во Охрид, Ви ветуваме супер журка. Ќе ги свириме најголемите хитови на Партибрејкерс во убавиот Охрид“, им порачува на сите фанови на групата Партибрејкерс Зоран Костиќ – Цане.Веќе традиционално, по втор пат од 28-ми до 31 јули на локацијата „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи вториот Охридски „Пиво Фест“.Овогодишното издание ќе трае една вечер подолго, односно четири ноќи кои ќе бидат збогатени со врвна програма и нови ексклузивни гости, меѓу кои српската фолк дива Сека Алексиќ, Рибља Чорба, Тони Зен и многу други, се вели во најавата на организаторот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите патишта водат кон Будимпешта, со владин авион кај шефот и на море, велат од СДСМ
Главна дестинација на владинот авион е релацијата Скопје-Будимпешта. Дури седум пати летале до шефот, во главниот град на Унгарија, според информациите за летањето на владиниот авион кои ги објавија медиумите, велат од СДСМ.
„Сите во Будимпешта, со владин авион, на консултации и по работни задачи кај шефот.
Наместо да лежи во Идризово, ВМРО му подготвува враќање на Никола Груевски.
Затоа и беа тргнати потпретседателите.
Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренцијам се расчистува патот за единствениот претседател на ВМРО, Груевски.
Мицкоски е само чувар на фотелјата.
Мора да се обезбеди безбеден терен за враќање на газдата“.
Според опозиционата партија, Мицкоски, Николовски, Силјановска најмногу го користеле владинот авион.
„Толку многу се шета, Мицкоски дури и на Јадран оди со владин авион на капење.
Затоа мора да се купува нов авион, да се даваат милиони евра народни пари“, прашуваат од СДСМ.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.

