Македонија
Протесните барања доставени до Собранието
Групата млади, кои деновиве континуирано протестираат против полициското насилство, предмалку поднесоа граѓанска иницијатива до пратениците на новото Собрание и побараа таа да се најде на дневен ред.
Групата млади, кои деновиве континуирано протестираат против полициското насилство, предмалку поднесоа граѓанска иницијатива до пратениците на новото Собрание и побараа таа да се најде на дневен ред.
„Пред 10 минути ја поднесовме граѓанската иницијатива против полициската бруталност. Бараме да ги стават на дневен ред сите точки од нашето барање, од друга страна ние се обврзуваме дека во следниот период ќе изготвиме конкретни предлози за измена на одредени закони и членови за кои што ќе собереме 10.000 потписи, рече Биљана Димитрова од граѓанската иницијатива.
Од организацијата ги замолија членовите на политичките партии да го напуштат протестот и како што кажаа, да не му прават лоша услуга на протестот.
Мирјана Најчевска , поранешен претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, за барањето на младите да се воспостави цивлна надворешна контрола на полицијата, рече дека ниту една влада во ниту еден состав не сакала да се откаже од можноста самоволно да раководи и како што кажа таа, да ја злоупотребува полицијата.
„ Се додека не сватиме дека полицијата мора да биде сервис на граѓаните ,а тоа може да се постигне само со надоврешна контрола, ние до тогаш не можеме темелите на демократијата да ги поставиме“, рече Најчевска.
Во моментов околу стотина граѓани се собрани пред задниот влез на Собранието, каде што пристигнуваат новите пратеници на денешната конститутивна седница.
Учесниците на протестот бараат одговорност за смртта на Мартин Нешковски и формирање независно тело што ќе ја контролира работата на полициските единици.
Конститутивната седница на новиот парламентарен започна околу 12 часот и 20 минути, а на дневниот ред треба : избор на верификациона комисија, верификација на мандати, избор на комисија за избори и именувања и избор на претседател на Собранието.
Со седницата претседава најстариот пратеник Љубисав Иванов – Ѕинго./кра/ми/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Аврамовски: Потребни се искрена посветеност и сериозен ангажман од власта во надминувањето на кризата со транспортерите
„Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо решение со транспортерите, претставникот на здружението ‘Меѓународен транспорт’, кое ги води преговорите со ЕУ за надминување на блокадите, изјави дека Унијата не прифатила ништо од нивните барања и дека се повторно се можни нови блокади“, изјави портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Љубен Аврамовски.
ЛДП уште пред две недели алармираше дека додека нашите министри се враќаат од Брисел со „одлични вести“ за надминувањето на проблемот со транспортерите и ЕУ, босанскиот министер за транспорт Един Форто, изјави дека засега „нема решение за проблемот со транспортерите и ќе има дополнителна работна група“.
„Повторното нагласуваме, одложувањето на проблемот до септември не значи никакво решение, ниту одлична вест. Секој изминат ден за превозниците значи изгубено време и губење на заработката. Упатуваме апел до нашите државни претставници за искрена посветеност и сериозен ангажман во врска со надминување на моменталната криза со транспортерите. Возачите на камиони мора да бидат сметани за професионалци, а не за туристички патници“, вели Аврамовски во својата изјава за медиумите.
Македонија
„Премиерот на море со авион, а за работниците нема пари за 600 евра плата“, велат од СДСМ
„Премиерот ужива во луксузот на грбот на народот. Дури и на Јадранско море, на капење оди со владиниот авион. Додека нема пари за работниците, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека се кратат 40 милиони евра за земјоделците“, велат од СДСМ.
„Исто како Никола Груевски, тој купуваше мерцедес од 600 илјади евра и носеше очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купи нов авион, за нови туристички прошетки.
Додека Мицкоски лета, работниците тонат. Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, се борат со скапотијата и ниските плати а премиерот Мицкоски се луксузира во свет на привилегии, ароганција и расипништво.
Колку ги чинело граѓаните ова луксузирање на премиерот со владиниот авион?“, прашуваат од СДСМ преку писменото соопштение.
Македонија
Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

