Македонија
Во центарот на Скопје ќе се поставуваат подземни контејнери
На најмалку 30 локации во центарот на главниот град ќе се постават подземни контејнери за собирање на комунален и друг вид неопасен отпад, со кои ќе се заменат добар дел од постоечките контејнери.
На најмалку 30 локации во центарот на главниот град ќе се постават подземни контејнери за собирање на комунален и друг вид неопасен отпад, со кои ќе се заменат добар дел од постоечките контејнери.Ова е пилот проект што ќе го реализира општина Центар во соработка со Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а одлуката за спроведување на проектот едногласно ја донесоа општинските советници.Проектот за спроведување систем на подземни контејнери чини 26 милиони денари, а за негова реализација ќе бидат набавени подземни контејнери со зафатнина од 3 и од 5 кубни метри и друга опрема, како возила, дигалки, корпи. Идејата за реализирање, според изготвувачите на проектот, произлегува од големиот неискористен простор на територијата на општината кој може да послужи за складирање на комунален и друг вид на неопасен отпад под земја.Предноста на овој систем е тоа што претставува нова технологија што подразбира вклучување на само еден работник во споредба со четирите работници, кои во моментов работат на отстранување на отпадот.„Количеството отпад што еден вработен може да ја собере за три минути е иста со количината на отпад собрана од 70 класични канти, опслужено од шест работници“, стои во програмата на проектот.Проектот предвидува контејнерите да се празнат со дигалка, и тоа кога ќе бидат исполнети 100 проценти.Еден подземен контејнер заменува седумдесет канти со зафатнина од 120 литри.Предноста на проектот за поставување подземни контејнери е што отпадот е сокриен од погледот на граѓаните и се вкопани во земја со длабочина од 1,5 метри каде температурата е значително пониска, што го забавува распаѓањето на отпадот и развивањето на микроорганизми.„Предвидено е дури и контејнерите да се опремат со ГПС и смс систем, преку кој ќе може да се пријави на службата на која локација се наоѓаат контејнерите, колку во моментот се исполнети и со какви суровини се исполнети, што ќе им го олесни движењето на камионите“, стои меѓу другото во програмата.Со реализација на овој проект меѓу другото се очекува заштеда на простор, поголема хигиена во центарот на градот и селекција на отпадот. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Трендафилов, Деаноски и Пешевски ги оштетија работниците за 600 евра минимална плата во 2028 поради политичките игри со СДС и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Одлуките на ССМ на чело со Слободан Трендафилов го спречија растот на платите за 40% во следните 2 години на штета на работниците или раст од над 10.000 денари за само две години од денес. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.
ССМ предводен од Слободан Трендафилов и гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски го одбиле предлогот од Владата каде минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година.
Поради политичките игри на Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и Иван Пешевски работниците се оштетени за 600 евра минимална плата во 2028 година. Ова е доказ дека ССМ го става политичкиот интерес пред интересот на работниците.
Иван Пешевски додека се претставува како загрижен синдикалец дебело профитира заедно со Трендафилов.
Додека глумат загрижени синдикалци платата на Пешевски е 3 пати поголема од минималната.
Поддршката од СДС и Левица ја покажува вистинската агенда на ССМ каде што ги ставаат политичките интереси пред интересите на работниците.
Наместо да ги застапуваат граѓаните, синдикатите предводени од Трендафилов и Деаноски ја жртвуваат минималната плата за да ги следат политичките мотиви и политичката линија на СДС и Левица.
Работниците заслужуваат синдикати што ги штитат работничките интереси а не што ги продаваат за политички интереси на поединци.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи во интерес на работниците и сите граѓани, за повисоки плати и подобар животен стандард“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците, бара СДСМ
„Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра“, велат од СДСМ.
„Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат. Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.
За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.
Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците, а кои ќе останат на страна на тендерите“, соопшти СДСМ.
Македонија
ЛДП: Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат Либерално-демократската партија
Групата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ) во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур јасно и недвосмислено говореа и ја поддржаа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека земјата направила значителен демократски и институционален напредок, извести ЛДП.
„Ја поздравуваме одлуката за затворање на пост-мониторингот за Северна Македонија, тоа е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, при што либералната политика и ЛДП имаат значајна улога во тој процес”, истакнаа од АЛДЕ.
„Оваа одлука претставува силно европско признание за патот по кој треба да се движи државата и јасен сигнал дека проевропските и либерални политики се исправниот избор за иднината на Северна Македонија.
Во своето обраќање, европските либерали нагласија дека Северна Македонија денес функционира како демократија во која, во најголем дел, се почитуваат основните човекови права и слободи, а соработката со Советот на Европа е стабилна и конструктивна.
Пратениците од АЛДЕ посебно истакнаа дека затворањето на пост-мониторингот не значи затворање на надзорот, туку почеток на нова фаза на демократска зрелост, отчетност и одговорност, во која владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата остануваат клучни приоритети.
Во овој контекст, европските либерали уште еднаш ја потврдија својата долгогодишна и принципиелна поддршка за Либерално-демократската партија (ЛДП) и за либералните вредности во Северна Македонија, кои континуирано претставуваат двигател на европските реформи, заштитата на човековите права и развојот на отворено и демократско општество.
Либералите во Европа потенцираа дека ЛДП останува нивен кредибилен партнер во Македонија и важен носител на либералната визија за слободно општество, силни институции, еднаквост и почитување на човечкото достоинство.
Посебно внимание беше посветено на заштитата на правата на малцинствата, вклучително и правата на маргинализираните групи, како и на обврската за целосна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права, при што беше нагласено дека овие прашања се суштински дел од европската интеграција“, се наведува во соопштението на ЛДП.

