Македонија
Бакура: Не е прашање дали, туку кога Македонија ќе стане членка на унијата
Полска ќе го држи проширувањето високо на агендата за време на шестмесечното претседателство со Европската Унија, рече полскиот амбасадор Карол Бакура на стартот од претседателството.
Полска ќе го држи проширувањето високо на агендата за време на шестмесечното претседателство со Европската Унија, рече полскиот амбасадор Карол Бакура на стартот од претседателството. Бакура посочи дека Полска ќе се држи на заклучокот од последниот извештај на Европската Комисија, според кој, Македонија ќе ги почне пристапните преговори со унијата во оној момент кога ќе се надмине спорот со името со Грција. „Мислам дека јасно беше наведено во ланскиот извештај за напредокот дека преговорите ќе започнат штом се постигне договор за прашањето за името со вашиот јужен сосед. „Ние ќе прифатиме било каков договор што ќе биде постигнат меѓу Скопје и Атина, што ќе биде прифатен од двете страни под покровителство на ОН“, рече Бакура.Полскиот амбасадор нема никакви дилеми во однос на европската интеграција на Македонија.„Се надеваме дека ќе можеме да го продолжиме процесот со Хрватска, и исто така се надеваме дека Македонија ќе постигне напредок. За нас, за Полска, не е прашање дали Македонија ќе стане членка на Европската Унија, туку кога Македонија ќе стане членка на унијата. Што поскоро, толку подобро“, рече Бакура. По повод стартот на шестмесечното претседателство, денеска во Скопје беше отворена изложбата насловена како „Полски плакат“. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата, кажа Петрушевски
„СДС го создаде Артан Груби и му дозволи тој да ја ограбува државата. СДС се главем виновник за милионските криминали на Груби. Тие ја потчинија цела влада на него и неговите криминални шеми“, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Груби отворено, без проблем од прогон, со години ја ограбуваше државата во време на СДС.
СДС свесно дозволи и знаеше што се прави Груби.
СДС се виновни за криминалот на Груби и за се што правеше, кое му беше дозволено заради желбата за власт на СДС.
Венко Филипче и СДС треба да признаат пред целата јавност дека тие го создадоа Груби и да се извинат. Истовремено да ги повикаат на одговорност и Ковачевски и Заев“, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци
Халкбанк АД Скопје ја информира јавноста дека од 28 декември 2024 година се регистрирани обиди за неовластено собирање на лични и финансиски податоци преку лажни пораки, кои се испраќаат до граѓаните на Македонија. Овие активности сè уште се актуелни.
Се испраќаат лажни SMS пораки со злоупотребено име на банката, кои содржат линк до лажни веб-страници со намера за измама. Целта на овие пораки е прибирање на податоци за платежните картички и можност за нивна злоупотреба.
Банката апелира до јавноста да се воздржи од отворање на линковите добиени преку ваквите пораки, да не внесува лични или финансиски податоци на посочените веб-страници и да биде внимателна.
Халкбанк АД Скопје истакнува дека никогаш нема да побара од своите клиенти лични податоци или информации за платежните картички преку ваков тип пораки. Сите комуникации од страна на банката се одвиваат исклучиво преку официјални и безбедни канали.
ПР
Македонија
Ахмети треба, конечно, да излезе од националистичкиот филм, велат од СДСМ
„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети треба конечно да излезе од националистичкиот филм. Неговата реториката за постојаното подгревање на етнички тензии како алатка за политичко делување се неприфатливи и опасни за земјата. Таквите политики и филмови со воени униформи се несоодветни провокации за кои нема место во нашето мултиетничко општество“, велат од СДСМ.
„За СДСМ се неприфатливи намерните етнички провокации на ДУИ кои прераснаа во единствена стратегија на партијата. ДУИ да не заборава дека Албанците во оваа држава сакаат мир, стабилност и добри меѓуетничкиу односи. Кога ДУИ го обвинува СДСМ за албанофобија да не заборава дека во Извршниот одбор на СДСМ има Албанци и значителен број на Албанци гласаат за нашата партија.
Тоа е така заради тоа што СДСМ е единствената партија која вистински се залага за соживот и добри односи меѓу етничките заедници. СДСМ докажала и покажала дека е единствена партија која ги бранела правата на помалите етнички заедници помали заедници секогаш кога биле загрозени. СДСМ има фобија од националисти и популисти и на таквите секогаш ќе реагираме.
Со своето делување Ахмети и ДУИ му овозможуваат на ВМРО-ДПМНЕ да дополнително да ја подгрева меѓуетничката ситуација во земјата и политички да профитира. Индиректно, ДУИ е таа која со своето однесување креира албанофобија.
Иако ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ јавно се осудуваат меѓу себе, нивната неформална соработка е повеќе од очигледна. Граѓаните видоа заеднички гласања во Собранието, а врв беше скандалозно пуштање на Артан Груби надвор од земјата, слободно преку границата“, соопшти СДСМ.