Македонија
ЗНМ: Со оставки сигурно нема да се решат проблемите на новинарството
Ние сите сме свесни за тешката состојба на македонското новинарство, но со оставки и откажувања сигурно нема да се решат проблемите на новинарството. Ако некој мислел дека проблемите што се наталожени две децении ќе се решат за шест месеци се излажал.
Ние сите сме свесни за тешката состојба на македонското новинарство, но со оставки и откажувања сигурно нема да се решат проблемите на новинарството. Ако некој мислел дека проблемите што се наталожени две децении ќе се решат за шест месеци се излажал.Ова е ставот на Здружението на новинарите на Македонија, по оставките на сите членови на Советот на честа. „Проблемите не треба да не обесхрабруваат, туку новинарите треба уште поцврсто да застанат во заштита на професионалните стандарди и етика. Ако ние самите не се бориме за заштита на угледот на новинарската професија, сигурно тоа нема да го направи некој друг за нас. Напуштена битка, не е добиена битка. Жалиме што овој потег на нашите колеги се случи дента кога двајца наши колеги изгубија работа и новинарите на три весници беа упатени на колективен одмор. Ова сигурно ќе ги охрабри оние што дваесет години го држат во заложништво македонското новинарство. И покрај тоа битката мора да продолжи затоа што друга алтернатива нема“ се вели во соопштението на ЗНМ.За тврдењето дека Советот нема на располагање алатки за да се бори против прекршувањето на Кодексот на новинари, од ЗНМ велат дека единствена алатка против оние кои ќе се огрешат на овој кодекс е јавната осуда.Сите членови на Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија денеска поднесоа оставка. „Сегашната ситуација нé поразува како луѓе и како новинари. Не гледаме можност во рамки на сегашните услови да го штитиме достоинството и принципите на новинарството“, велат членовите на Советот на честа по својата колективна оставка.Согласно статутот испразнетите пет места од Советот на честа ќе се пополнат со наредните членови кои освоиле најголем број гласови на кандидатската листа од последното Собрание./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Граѓаните сè знаат за Груби, нема што да прашуваме
Нема зошто да прашуваме за Груби кога се знае сè, ние знаеме сè, граѓаните знаат сè, велат од СДСМ.
„Кога прашуваме за пет тони дрога – добиваме одговор Дубаи.
Кога прашуваме за авион – добиваме скокови во далечина.
Кога прашуваме за платите на работниците – добиваме Венеција.
Кога прашуваме за обвинителството – добиваме Сент Мориц.
Кога прашуваме за Орбан, енергетиката, 4ИГ, медиумската мрежа во сопственост – добиваме Харис Џиновиќ.
Кога прашуваме за часовници – добиваме Струмица.
Кога прашуваме за мигранти – добиваме Декрет за забрана на говор“.
Единствено кога прашуваме за Душан Адамовиќ, почесниот конзул, нагласуваат од опозициската партија и зошто Владата поставила човек со криминално досие, тогаш молк.
„Тезите ви се исклучиво ад хоминем, де јуре се е во ред со Адамовиќ а де факто – молк“.
Македонија
Муцунски на средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер.
На средбата министерот Муцунски го истакна континуираниот ангажман на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата. Тој ја нагласи посветеноста кон унапредување на институционалните капацитети и спроведување на реформите во оваа област, со цел натамошно усогласување со европските правила и стандарди.
Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во управувањето со миграциите, вклучително и партнерството со Фронтекс, борбата против нелегалната миграција и организираниот криминал, визната политика, како и континуираната размена на информации и искуства.
Посебно внимание беше посветено на имплементацијата на Системот за влез/излез на Европската Унија (Entry/Exit System). Министерот Муцунски укажа на практичните импликации од неговата примена, особено во однос на професионалните возачи и транспортниот сектор, кои се соочуваат со конкретни оперативни и финансиски предизвици. Во таа насока, тој ја нагласи важноста од продолжување на напорите за изнаоѓање практични и навремени решенија преку конструктивен дијалог со Европската комисија и земјите членки, со цел зајакнување на поврзаноста и обезбедување непречено одвивање на трговските текови
Македонија
Гаши – Грлиќ Радман: Континуирана и цврста поддршка за евроинтеграциите
Претседателот на Собраниетo на Република Северна Македонија, Африм Гаши, се сретна со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна официјална посета на државата. На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Собранието, Марина Димовска.
Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и цврста поддршка што Република Хрватска ѝ ја дава на европската перспектива на државата, како и за севкупната билатерална соработка што се развива во духот на меѓусебна почит, разбирање, солидарност и партнерство. Тој нагласи дека особено се цени подготвеноста на Хрватска да ја споделува својата драгоцена експертиза и искуство од процесот на пристапување и водењето на преговорите за членство.
Беше истакната и важноста на сојузништвото и соработката во рамките на НАТО, каде што двете држави се силно посветени на промовирање и споделување на заедничките вредности, принципи и одговорности на Алијансата.
Двајцата соговорници се сложија дека политиката на проширување на Европска Унија претставува стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и просперитетот на регионот како и на целиот европски континент, а беше поздравена и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, со што Република Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер.
Исто така, соговорниците нагласија дека Република Северна Македонија и Република Хрватска секогаш негувале пријателски однос, базиран на висока почит кон човековите, националните, културните права на малцинствата кои студираат, работат или живеат во двете држави, што претставува позитивен пример во регионот и пошироко.
Гаши изрази увереност дека посетата на министерот Грлиќ Радман ќе придонесе за дополнително зацврстување и унапредување на односите меѓу двете држави на сите полиња од заеднички интерес, како и дека Република Северна Македонија и натаму ќе смета на силната хрватска поддршка за нејзина интеграција во Европската унија.

