Македонија
Унифицирање на такси возилата за средување на такси превозот во Скопје
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денеска го промовираше новиот унифициран изглед на такси возилата, со што стартува реализацијата на новиот концепт и организација на овој вид превоз на патници.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денеска го промовираше новиот унифициран изглед на такси возилата, со што стартува реализацијата на новиот концепт и организација на овој вид превоз на патници.Такси возилото ќе има унифциран изглед во надворешното обележување и во внатрешниот изглед на возилото.Со одлуката на Градот донесена минатата година, секое такси возило заедно со лиценцата што ја добива од Градот, добива и такси табла која стои на горниот дел од возилото. На задното и на предното крило од двете страни на возилото, предвидено е да стои единствен матичен број на возилото. Такси возилата ќе бидат видно обележани и со надолжни налепници, изработени од ретрорефлектирачка фолија која е лесно забележлива и во темнина и заштитена од фалсификување.Во внатрешниот дел на секое возило, унифицирано се поставуваат информаци за извод од лиценцата на авто такси возилото, легитимација на возачот и тарифа за наплата, кои се поставени во предниот дел од возилото.„Со ова практично ќе ставиме крај на хаосот кој владееше досега во такси превозот. Во такси превозот имаше голема шареноликост и не можеше да се препознае кој е легален a кој е нелегален такси превозник. Со унифицирањето на такси возилата сметаме дека тоа ќе биде веќе минато“, истакна градоначалникот Трајановски.За овој нов концепт градот од својот буџет издвои 5 милиони и 800 илјади денари од кои 3 милионa и 800 илјади денари се потрошени за набавка на такси таблите и 2 милионa денари се потрошени за означувањето на бројот на такси возилото и за налепниците, кои таксиситите ги добиваат бесплатно.За нови лиценци и за унифицирање на возилата досега се пријавени околу илјада такси превозници а 400 од нив се комплетно облепени, 200 имаат само лиценца и такси табла, а 300 таксисти уште од утре ќе ги добијат новите лиценци.Трајановски најави дека веќе од утре интензивно ќе почне да работат градските инспектори за сообраќај кои заедно со сообраќајната полиција ќе придонесат во сузбивање на дивите таксисти за кои ќе следат казни од 200 до 500 евра или одземање на возилото.„Нема тука да сопреме. До крај ќе ја истераме оваа работа. Имаме поддршка и од Министерството за транспорт и врски од секторот за прекршоци, преку кој пријавите што ќе дојдат од инспекцијата на градот, министерството за транспорт ќе ги проследи до Управниот суд. Од минатата година имаме околу 200 казни, оваа година 100 казни и ќе продолжиме со сите оние кои нема да ја почитуваат одлуката на Градот“, рече Трајановски.Според министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, унифицирањето на возилата значително ќе ја олесни работата на инспекторите и на полициските службеници кои вршат контрола во сообраќајот.„Ќе продолиме со поддршката на Градот во контролирање на возилата кои нелегално вршат такси превоз и во воведување подобар ред генерално во сообраќајот, посебно во сообраќајот со такси возилата“, рече Јанкуловска.По целосна реализација на новиот концепт во такси превозот, градските власти и таксистите најавија дека ќе ја разгледаат можноста и за намалување на цената на такси превозот. /крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.
Македонија
Муцунски-Грлиќ Радман: изразена подготвеност за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон полноправно членство во ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој престојува во дводневна работна посета на Република Северна Македонија.
На средбата беше изразено заемно задоволство од традиционално пријателските билатерални односи, придружени со интензивен политички дијалог и конструктивна соработка што двете земји ја негуваат во сите сфери од заемен интерес во изминатите 34 години.
Во насока на понатамошно продлабочување на позитивниот тренд во односите, беше нагласен заемниот интерес за продолжување на политичкиот дијалог и соработката на највисоко ниво, со посебен акцент на унапредување на економската соработка, продлабочување на трговската размена, како и проширување на соработката во областа на енергетиката, здравството, културата и туризмот.
Министерот Муцунски ја реафирмираше благодарноста за континуираната хрватска поддршка на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и за ставот дека процесот на проширување на Европската Унија треба да продолжи со засилена динамика. Беше изразена и подготвеност за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон полноправно членство во Европската Унија.
Соговорниците се согласија дека зајакнатата координација како земји членки на НАТО претставува врвен надворешнополитички приоритет, како ефикасен механизам за усогласување на ставовите и зголемување на придонесот кон регионалната и евроатланската безбедност. Беше потврдена заедничката посветеност на вредностите и принципите на Алијансата.
Средбата беше искористена и за размена на мислења за актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за внатрешно-политичките и економските состојби во двете земји.
Посетата на министерот Грлиќ Радман претставува значаен чекор кон понатамошно унапредување на билатералните односи и отвора нова фаза на соработка, која ќе биде заокружена со потпишување на меѓувладин Договор за стратешка соработка, заснован на европските вредности, заемната доверба и почитување.

