Македонија
Желињски: Решение за спорот со името само во ОН
Спор за името е суштински за двете страни. Тој е за националниот идентитет и за прашањето кој е одговорен за културното наследство на Грција и Македонија. Веруваме дека ова е билатерален проблем, што може да се реши само со помош од ОН, изјави за Дојче Веле, Конрад Желињски од полското МНР.
Грчко – македонскиот спор за името е суштински за двете страни. Тој е за националниот идентитет и за прашањето кој е одговорен за културното наследство на Античка Грција и Античка Македонија. Веруваме дека ова е билатерален проблем, кој на крај може да се реши само со помош од ОН, изјави за Дојче Веле, Конрад Желињски од прес – канцеларијата на полското МНР.
Тој вели дека земјата што претседава со ЕУ од петокот жали што разговорите за прашањето меѓу Скопје и Атина не произведоа решение кое ќе ги задоволи двете страни, бидејќи, како што истакнува, ова е најголемиот хендикеп за Македонија во процесот на интеграција во НАТО и во ЕУ.
Полското претседателство со ЕУ во делот за проширување ги споменува само Хрватска, Турција и Исланд. За земјите од Западен Балкан, Полска запишала дека силно ќе ги поддржува нивните европски аспирации. „Полското претседателство има за цел да ја осигура примената на стратегијата за проширување. Ќе биде значајно земјите кандидатки и тие што се заинтересирани за членство во ЕУ да покажат определба за исполнување на пристапните критериуми, кои се еднакви за сите“, стои во стратегијата на полското претседателство.
На прашањето, како што пишува Дојче Веле, зошто во стратегијата ја нема Македонија и дали може да се очекува од новото претседателство поголем ангажман во затворање на македонско – грчкиот спор, од полското МНР одговориле дека спорот може да се реши само во ОН./крај/дв/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

