Македонија
Охрид домаќин на третата регионална претседателска средба

Охрид на 11 и 12 јули ќе биде домаќин на третата регионална средба на претседателите на Македонија, Ѓорге Иванов, на Албанија, Бамир Топи, на Косово, Атифе Јахјага и на Црна Гора, Филип Вујановиќ, информираат од кабинетот на Иванов.
Охрид на 11 и 12 јули ќе биде домаќин на третата регионална средба на претседателите на Македонија, Ѓорге Иванов, на Албанија, Бамир Топи, на Косово, Атифе Јахјага и на Црна Гора, Филип Вујановиќ, информираат од кабинетот на Иванов.Предвидено е четворицата претседатели да разговараат на повеќе теми, доминантно поврзани со интеграциите во НАТО и во Европската Унија: јакнење на демократските и реформските процеси, зголемена економска соработка и поттикнување на регионални инвестиции, инфраструктурно и енергетско поврзување, како и за прекуграничната соработка во борбата против криминалот.Целта на овој традиционален собир, како што информираат од кабинетот на Иванов, е одржување на дијалогот меѓу четирите земји на највисоко ниво.Првата средба во овој формат беше одржана во Валона, Албанија, додека минатата година втората средба се одржа во Призрен, Косово. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)