Македонија
Лекар се самозадоволувал во книжарница

Скопската полиција го откри блудникот кој пред два дена јавно се самозадоволувал на влезот од една книжарница, додека продавачката била на работното место.
Скопската полиција го откри блудникот кој пред два дена јавно се самозадоволувал на влезот од една книжарница, додека продавачката била на работното место.Како што соопшти денеска МВР, за стореното кривично дело “задоволување на полови страсти пред друг“ се сомничи лицето .П. (51) од Скопје вработен како лекар на една од клиничките установи во Скопје.Пријавениот завчера во утринските часови дошол пред влезот од книжарата, и во еден момент се завртел кон оштетената и со едната рака (другата му била во лонгета) почнал полови дејствија пред оштетената. Оштетената во тој момент почнала да вика, а пријавениот се завртел и почнал да бега.Сторителот бил откриен и приведен по кратко време, а извршено е и препознавање од страна на оштетената.З.П. и претходно бил пријавуван за истото кривично дело. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)