Македонија
Мајката на Нешковски ќе бара отштета за смртта на нејзиниот син
Мајката на дваесет идвегодишниот Мартин Нешковски, кој пред еден месец беше претепан до смрт од страна поранешниот припадник на специјалната полициска единица „Тигар “ Игор Спасов
Мајката на дваесет идвегодишниот Мартин Нешковски, кој пред еден месец беше претепан до смрт од страна поранешниот припадник на специјалната полициска единица „Тигар “ Игор Спасов, ќе побара отштета за смртта на нејзиниот син.
Таа денеска со уште двајца сведоци, на предлог на семејството Нешковски беше на распит пред истражниот судија.
„Мајката не беше сослушувана по никакви други околности, таа се произнесе за приклучување кон кривичниот прогон и за отштетно побарување, односно барање за отштета“, рече адвокатот на семејството Сашо Дуковски.
Истрагата за овој случај трае веќе еден месец, секојдневно се сослушуваат сведоци, но од судот не откриваат до кога ќе трае истрагата и дали ќе биде проширена.
„Јавниот обвинител во овој момент води постапка против едно лице. Јас не би сакал да коментирам дали тоа ќе се прошири против други лица или не. Доколку не се прошири врз други лица, нам како оштетени ни стои тоа законско право коешто во согласност со натамошниот развој на настаните во оваа постапка ќе видиме дали ќе го искористиме или не“, рече Дуковски.
Кривичниот суд вчера одлучуваше и му го продолжи притворот на Спасов за уште триесет дена.
Игор Спасов на 6 јуни, 40 минути по полноќ, додека се славеше изборната победа до смрт го претепа младиот Мартин Нешковски.
Министерството за внатрешни работи по два дена се произнесе за мистериозното убиство. Група граѓани веќе еден месец протестираат на скопските улици барајќи расчистување на случајот и оставки од министерката Гордана Јанкулоска и помошникот на министерот за односи со јавност Иво Котевски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

