Македонија
Претседателот Иванов прими учесници на Специјалната Олимпијада
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ја прими делегацијата на Специјална Олимпијада на Македонија, која учествуваше на Олимписките Летни Игри на Специјална Олимпијада одржани од 25 јуни до 4 јули во Атина, Грција.
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска ја прими делегацијата на Специјална Олимпијада на Македонија, која учествуваше на Олимписките Летни Игри на Специјална Олимпијада одржани од 25 јуни до 4 јули во Атина, Грција. Македонските спортисти на Летни Олимписки Игри во Атина спортисти постигнаа одличен успех со освојувањето на три златни и три бронзени медали.На средбата, Претседателот Иванов им го честита успехот на членовите на македонската Специјална Олимпијада и го пренесе своето високо почитување на нивната работата, истакнувајќи дека особено ги подржува активностите поврзани со лицата со посебни потреби. „Токму спортот е еден од најуспешните начини за интеграција и социјализација на лицата со посебни потреби. Оттука севкупните активностите на Специјалната Олимпијада, а особено настапите на меѓународните спортски манифестации се од извонредно значење. Благодарение на успесите на спортистите на Специјалната Олимпијада, се промовира и нашата земја и нашата култура“, истакна претседателот Иванов.Претставниците на Специјалната Олимпијада го информираа за моментните активности, како и за плановите во иднина и учеството на големите интернационални манифестации кои следат, изразувајќи цврста заложба и понатаму да бидат компетативни и да постигнуваат врвни резултати. крај/со/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

