Контакт

Македонија

Единаесет проценти од матурантите не положиле државна матура

Објавено пред

Единаесет проценти од матурантите во средните училишта во Република Македонија не положиле државна матура, изјави на денешната прес конференција, министерот за образование и наука, Никола Тодоров.

dobivaj vesti na viber

Единаесет проценти од матурантите во средните училишта во Република Македонија не положиле државна матура, изјави на денешната прес конференција, министерот за образование и наука, Никола Тодоров.„Годинава  11 проценти од учениците не ја положиле државната матура, односно имаат единица барем по еден предмет“ вели Тодоров. Во анализите кои се споредени со овогодишните резултатите од минатите две години се забележува пораст на средната оценка. Просечната оценка во 2011 година за државната матура е 3, 3 додека во 2010 е 2, 98 и во 2009 изнесуваше 3,1 проценти.„Ова значи дека досега имаме најдобри резултати на државната матура. Во изминатите години државниот испитен центар во соработка со МОН ги анализираше сите детали околу државната матура. Работевме на подобрување и усовршување на видот на тестот, околноста и содржината за полагање на државната матура“ рече Тодоров. Тој додаде дека тестовите за мајчини јазици оваа година биле делумно изменети по својот состав, односно тестот наместо два има еден есеј, со можност за избор на две теми. Но, кај странските јазици има опаѓање на резултатите, особено кај францускиот јазик. „Најзабележителен пад се регистрира кај францускиот јазик кој оваа година има средна оценка од 2, 6. При што од 430 ученици кои полагале дури 114 односно 26,5 проценти не положиле. Тоа  е висок процент и затоа е потребна дополнителна анализа за причините на оваа состојба“ изјави министерот. За следната година министерството за образование и наука најави имплемтација на електронско оценување. „Ќе се обиде да имплементираме систем за електронско оценување. Така што на тој начин ќе го намалиме субјективизмот во оценувањето и значително ќе ги намалиме трошоците за реализација на државната матура коишто изнесуваат од 23 до 25 милиони денари годишно“ вели Тодоров. Резултатите од државната матура ќе бидат објавени  денеска во 18 часот на веб страната www.matura.mk а на 13 јули  ќе бидат објавени и на огласните табли во сите училишта. Исто така, на насловната страница на сајтот во соработка со факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во рамките на универзитетот Св. Кирил и Методиј ќе може секој матурант да ги внесе резултатите и да  пресмета со колку поени може да конкурира на факултетот кој го избрал за студирање. Од државниот испитен центар велат дека испитите во целата државa се одвивале согласно со  пропишаните правила и процедури. „Имавме вклучени 1830 тестатори во училиштата и 200 овластени набљудувачи вработени во повеќе државни институции. Процесот на оценување се спроведе во училиштето „Кочо Рацин“ од страна на 315 оценувачи коишто беа избрани на конкурс од страна на државниот испитен центар“ изјави директорот на државниот испитен центар, Методија Јанчевски. Тој додаде дека во јунскиот испитен рок биле  пријавени 18.184 кандидати за мајчините јазици и испитот го полагале 17.457 односно 727 ученици биле отсутни. Додека во вториот испитен ден од пријавени 18. 290 ученици, а присутни  17.531 исто така се бележи слична бројка на отсутни од 759.  Тој најави дека Македонија во септември ќе учествува во иницијативниот одбор за формирање на балканска асоцијација на државни испитни центри со цел  соработка со сличните институции со земјите на Балканот поради размена на искуства, задачи и проекти во рамките на Европската Унија. /крај/макфакс/пк



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има

Објавено пред

Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“  поладнево на  „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.

dobivaj vesti na viber

-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.

Тој, во изјавата за медиумите, истакна  дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.

 

-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.

Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.

-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.

Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

Објавено пред

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.

dobivaj vesti na viber

Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Прикажи повеќе...

Македонија

Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации

Објавено пред

Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

dobivaj vesti na viber

„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.

Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.

Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).

Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:

1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.

Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет5 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет8 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет8 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет9 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет9 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет9 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет10 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија10 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет10 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет10 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет14 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија15 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет15 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет20 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет21 час

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија22 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет22 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет23 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...

Свет23 часа

Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за...