Македонија
Велешанец се удави во Вардар

Велешанецот Ѓорѓи Неделков, вчера попладне се удави во реката Вардар.
Велешанецот Ѓорѓи Неделков, вчера попладне се удави во реката Вардар.
Според исказите на неговите другари, 53-годишниот Ѓорѓи влегол во водата и по кратко време, од засега непознати причини, потонал и исчезнал во водите на Вардар.
По повеќе од еден час пребарување во водите на Вардар, другарите го пронашле Ѓорѓи закачен на едно паднато стебло во близина на некогашниот хотел „Вила Зора“.
На лице место, покрај увидната екипа на СВР, увид извршиле јавен обвинител и истражен судија од Основниот суд во Велес.
Телото на удавениот, по барање на истражниот судија, е дадено на обдукција.
Од СВР Велес велат дека по обдукцијата точно ќе се знаат причините за давењето на 53 годишниот велешанец.
Инаку, и покрај укажувањата и апелите од надлежните служби дека водата во Вардар, поради загаденоста од четврта категорија, не само што не е за наводнување, напојување на добитокот туку не е и за капење. /крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)