Македонија
Трета регионална претседателска средба во Охрид

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе биде домаќин на официјалниот дел од Третата регионална претседателска средба, која годинава се одржува во Охрид.
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе биде домаќин на официјалниот дел од Третата регионална претседателска средба, која годинава се одржува во Охрид.Гости на Иванов се претседателите на Албанија, Црна Гора и Косово, Бамир Топи, Филип Вујановиќ и Атифе Јахјага. Темите на состанокот, како што информираат од кабинетот на Иванов, доминантно се поврзани со ЕУ и НАТО интеграциите, а ќе се разговара и за начините за нивно олеснување преку јакнење на демократските и реформските процеси, зголемена економска соработка и поттикнување на регионални инвестиции, инфраструктурно и енергетско поврзување, како и прекугранична соработка во борбата против криминалот.Предвидено е Иванов да има одделни состаноци со тројцата претседатели, по што ќе следува заедничка пленарна средба.Првата средба во ваков формат беше одржана во 2009 во Валона, Албанија, а втората во 2010-та во Призрен, Косово. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)