Македонија
Компјутерџијата на А1 негира дека бришел податоци
Компјутерџијата во А1 телевизија, Јасмин Љатифовиќ обвинет во случајот Пајажина, не бришел никакви податоци од серверите туку негова задача била само да ги исклучи безбедно, за потоа тие да бидат транспортирани во сервер просторија во Битола ,тврдеше тој пред судскиот совет.
Компјутерџијата во А1 телевизија, Јасмин Љатифовиќ обвинет во случајот Пајажина, не бришел никакви податоци од серверите туку негова задача била само да ги исклучи безбедно, за потоа тие да бидат транспортирани во сервер просторија во Битола ,тврдеше тој пред судскиот совет.
Ова пренесување на серверот го договарала сметководителката Славица Маринковска уште пред месец и половина. Пренесувањето на серверите од Скопје во Битола било поради тоа што често во просториите на Перо Наков се вршеле реновирања, па постоела опасност да бидат избришани податоци од компјутерите.
Додека го вршел исклучувањето на серверите, на 25-ти декември минатата година немало присуство ниту на инспектори од УЈП ниту од Финансовата полиција, а упадот во А1 се случил вечерта.
Љатифовиќ не го интересирало и не знаел какви податоци имало во компјутерите, бидејќи како што кажа, во серверите биле инсталирани софтвери за кои според него била одговорна Славица Маринковска.
По него одбрана даваше управителот на печатницата Мисирков и Време Еч, Слободан Пејовски. Тој тврдеше дека не е за ништо виновен, не бил член на никакво злосторничко здружување туку бил во редовен работен однос и инсистирал законско работење.
Во текот на работењето не примал од никого наредби и не давал лажни податоци за финансиското работење на неговите фирми, ниту за одбегнување на плаќање на данок.
Единствено потпишувал даночни пријави и годишни биланси кои што претходно биле изготвени во сметководството во чија работа не се сомневал.
За тоа дека како управник не го пријавувал целиот готовински промет, Пејовски тврдеше дека немало никаков готовински промет и платите биле исплаќани преку трансакциска сметка. Пејовски исто така тврдеше дека во неговите фирми немало никогаш фиктивни фактури. Тој побара мерката притвор да му се замени со домашен притвор.
Пејовски истовремено бил управител на печатницата Мисирков и време Еч по предлог на Хеди и Емел Рамковски и Лејла Цановска.
Управителот кој што требало да биде главен на печатницата Мисирков не успеал да го регулира својот престој во Македонија.
Инаку редоследот на судењето се промени па прв одговараше Љатифовиќ кој се брани од слобода бидејќи требало да замине на некое патување.
Сега се очекува своја одбрана да даде екс директорката на А1 Анета Кочишки. /крај/фф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

