Македонија
Наумовски: И покрај сите пречки Македонија ќе стане дел од ЕУ
И покрај сите пречки, Македонија ќе стане дел од ЕУ. Македонија ќе се обедини со останатиот дел од Европа, и тоа ќе биде потврдено и од Грција, со мнозинство гласови во грчкиот парламент, рече на прошталната конференција вицепремиерот за европски прашања во заминување, Васко Наумовски.
И покрај сите пречки, Македонија ќе стане дел од ЕУ. Македонија ќе се обедини со останатиот дел од Европа, и тоа ќе биде потврдено и од Грција, со мнозинство гласови во грчкиот парламент, рече на денешната проштална прес конференција вицепремиерот за европски прашања во заминување, Васко Наумовски.
Тој истакна дека обединувањето е незапирливо, и обединувањето на Македонија со Европа е дојдено до точка од која нема враќање назад.
„Ќе биде тоа ден кога ќе се оствари сонот на многу генерации Македонци. Ден кога ќе победи демократијата над тиранијата, слободата над ропството, обединувањето над поделбите. Ден кога на сите ќе им стане јасно дека Македонија и Македонците постоеле, постојат и ќе постојат, затоа што ние како народ и како држава сме неизбришливи, и неуништливи“, рече Наумовски.
Наумовски, кој нема да биде дел од новата Влада, нагласи дека реформите за приближување на македонските стандарди кон европските биле и останале суштинскиот фокус на неговото работење, и оти е задоволен што денес, после две години, како што рече, Македонија е чекор поблиску до исполнување на критериумите за членство во ЕУ.
Тој потсети дека во однос на законодавството, во периодот јули 2009 – јули 2011 година, биле подготвени и усвоени 147 европски закони и 470 подзаконски акти, преку кои се транспонирани над 900 европски регулативи, директиви или одлуки.
Резултатот во овие две години преставува, како што рече, над 35% од вкупниот број на усогласени закони од почетокот на овој процес пред повеќе години.
„Во јули 2009 година, Македонија немаше акредитација за самостојно управување со европските фондови за ниту една од вкупно пет ИПА компоненти. Во јули 2011 година, Македонија има акредитации за четири од вкупно пет компоненти за ИПА фондовите. Тоа е нешто што на илјадници наши граѓани, компании, државни институции и невладини организации ќе им овозможи реализација на многу проекти за подобра иднина“, посочи Наумовски.
Потсети и на обуките на вработените во јавната администрација со цел да се создаде модерна и професионална администрација, според највисоките европски стандарди.
„Ми беше чест што го предводев овој ресор во периодот кога Македонија, на крајот на 2009 година ги исполни политичките критериуми за членство во ЕУ во доволен степен, за Европската комисија да ни ја даде препораката за почеток на преговорите за полноправно членство. Таа препорака беше експлицитно повторена и минатата 2010 година, што е најголемиот показател дали сме биле на вистинскиот пат или не“, рече Наумовски.
И покрај, како што рече, силните критики и напади, Македонија и во 2010 година доби позитивен извештај.„Откако Македонија ќе ги започне преговорите, ќе стане јасно дека сите наши активности во изминатите две години не биле залудни, туку дека токму тие ќе овозможат поглавјата да бидат побрзо отворени и побрзо затворени. Македонија е на прагот да го добие и третиот по ред позитивен извештај, за што ќе биде потребно само рутински да се следат зацртаните правци“, укажа Наумовски.Задоволство изрази што Македонија ја доби визната либерализација и смета дека успешно ја спроведува.
„Неодамна, после извршените консултации, со премиерот Груевски донесовме заедничка одлука да не бидам министер кој ќе раководи со некој од ресорите во идната Влада. Моето лично задоволство е што довербата помеѓу нас е на највисокото можно ниво, и што и после две години, двајцата сме задоволни од сè она што било направено во изминатиот период, задоволни од влогот и посветеноста за извршување на задачите, и личните и професионални капацитети“, истакна вице премиерот во заминување.
Тој им се заблагодари и на колегите министри за досегашната соработка./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

