Македонија
Османи: Го вративме оптимизмот во здравството
Модернизација на здравствениот систем беше еден од најбитните столбови во проектот суштински промени во здравството, истакна досегашниот министер за здравство Бујар Османи, на прошталната прес конференција на која пред новинарите го презентираше сработеното во својот мандат
Според досегашниот министер за здравство Бујар Османи, него, вредноста на сите инвестиции во здравството, почнувајќи од набавка на најсовремена медицинска опрема и реконструкција на јавни здравствени установи, изнесува околу 150 милиони евра. „Реализацијата на проектот за набавка на нова современа медицинска опрема претставува најголема инвестиција во здравството во последните 20 години. Се потрудивме апаратурата да биде последното нешто на медицинскиот пазар . Донесени се 12 компјутер-томографи, шест магнетни резонанци, два ангиографа, многу гинеколошки, радиолошки апарати, а успешно е завршен и проектот за набавка на нова офталмолошка опрема.Од пред две години започна првата од трите фази на проектот за реконструкција и доградба на болниците, инвестиција вредна 100 милиони евра и најголема до сега во здравствената инфраструктура“, рече Османи.Тој додаде дека се преземени и други активности во однос на превентивната здравствена заштита. „Во секундарната здравствена заштита битна е трансформацијата на Воена болница во нова Градска болница. Во нормативно-правниот дел, направени се измени на неколку важни закони.Развиена е дејноста за итна медицинска помош во здравствените домови и во завршна фаза е набавката на нови 80 амбулантни возила. Паралелно со активностите се изврши и едукација на медицинскиот персонал за употреба на новата апаратура и нејзино одржување. Во тек е проектот за издавање електронски здравствени картички. Од 1 јануари 2012 година започнува проектот за движење на пациентите низ системот“, нагласи Османи, според кого промените не се најбитната карактеристика на овој мандат, туку оптимизмот дека може поинаку и може подобро. Неговиот мандат го оценува за успешен, а реформа која не успеа да ја заврши е реформата за здравственото осигурување, односно пакетите на здравствени услуги. За најголем проблем во здравството го смета непостоењето на конзистентност на политиките во оваа област и систематски решенија во последните 20 години. Османи по завршувањето на министерската функција посакува да се врати меѓу лекарите, но околностите ќе му диктираат што понатаму. За изборот на новиот министер за здравство вели:„Изборот на лекар не е клучен аргумент за да се биде добар министер за здравство. Во последните 20 години имавме лекари за министри за здравство, па не секој успеал да се соочи со предизвиците што ги наметнува овој сектор. Добар министер, пред сè треба да биде добар менаџер кој ќе ги спроведе политиките на Владата во делот на подобрување на здравствениот систем.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

