Македонија
Со фалсификувана лична карта продал туѓи обврзници
Педесет и петгодишен скопјанец со фалсификувана лична карта присвоил туѓи обврзници, а потоа истите ги понудил на брокерска куќа, која по продажбата на обврзниците му ги префрлила парите на сметка.
Педесет и петгодишен скопјанец со фалсификувана лична карта присвоил туѓи обврзници, а потоа истите ги понудил на брокерска куќа, која по продажбата на обврзниците му ги префрлила парите на сметка. Имено, измамата се случила во периодот од 19 јуни 2006. година до 27. јуни истата година, кога Звонко И. , откако дошол до податоци за сопственоста на обврзниците и висината на износот на истите, употребил фалсификувана лична карта, лажно претставувајќи се како Глигор Ш. од Берово, при што во Комерцијална банка АД Скопје, поточно во експозитурата во дирекцијата на оваа банка отворил денарска штедна книшка. Потоа со помош на истата фалсификувана лична карта во брокерската куќа “Илирка Инвестмен“ АД Скопје склучил договор за посредување при купопродажба на хартии од вредност, со што ги измамил вработените во банката и брокерската куќа за да ги склучат договорите со него, а на име на оштетениот Глигор Ш. Инаку лицето Глигор Ш., во текот на 2006 година бил сопственик на 243.000 eвра во обврзници ПМ01 кои потекнувале од старо девизно штедење истите биле евидентирани како негова сопственост во Централниот депозитар за хартии од вредност. Звонко И. на брокерската куќа “Илирика Инвестмен“ и издал налог за продавање на обврзници, со вредност поголема или еднаква на 83% од номиналната вредност на обврзниците, а потпишал овластување за брокерското друштво истите да пристапат на неговата сметка за да можат да ја извршат продажбата. Брокерот на брокерската куќа откако го добил налогот за продавање и овластувањето за пристап на сметката преку Македонската берза извршил продажба на обврзниците на берза во три наврати, и тоа на: 22, 23 и 26.јуни 2006 година, во вкупен износ од 12.762.054 денари по што прибавените средства од продажбата ги префрлил на штедната книшка што претходно ја отворил измамникот. Тој кога разбрал дека се продадени обврзниците, ги подигнал парите од сметката. Висинскиот Глигор Ш. кој живее во Германија, увидел дека е измамен и ограбен на почетокот на месецов кога се вратил во земјава и сакал да ја провери состојбата со обврзниците, по што случајот го пријавил во полиција. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во текот на денешниот ден засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.

