Македонија
Изгласана новата Влада на РМ
Со 70 гласа за и 47 против собранието на Република Македонија вечерва ја изгласа новата влада. Премиерот Никола Груевски и новите министри положија свечена заклетва пред претседателот на собранието, Трајко Вељановски.
Со 70 гласа за и 47 против собранието на Република Македонија вечерва ја изгласа новата влада. Премиерот Никола Груевски и новите министри положија свечена заклетва пред претседателот на собранието, Трајко Вељановски.По заклетвата, целиот владин тим замина на традиционалниот прием кај претседателот Ѓорге Иванов во вилата „Водно“./Составот на новата влада е: Никола Груевски, премиер – првпат стапи на премиерска должност на 27 август 2006 година откако неговата партија ВМРО-ДПМНЕ победи на тогашните парламентарни избори. Во владата на премиерот Љубчо Георгиевски ја вршеше функцијата министер без ресор, а беше и министер за трговија во периодот 1998-999година. Беше министер за финансии од 1999 до 2002 година, а истовремено ја вршеше функцијата гувернер на Република Македонија во Светска банка и во Европската банка за обнова и развој. Во неговата работна биографија е запишана и функцијата претседател на Државната комисија за хартии од вредност. Груевски е магистер по економски науки. Фатмир Бесими, министер за одбрана – во Министерството за одбрана доаѓа од позицијата министер за економија функција која ја врши од 2008г. Министер за економија беше и во друг владин кабинет од 2004 до 2006г. Кратко време беше вицегувернер на Народна банка на Македонија, а работел и во канцеларијата на Светска банка во Приштина, Косово. Бесими докторирал економија на Универзитетот Стафордшир, Велика Британија.Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи – на министерската функција во МВР дојде во 2006 година како решение на премиерот Никола Груевски. Во периодот од 1999 до 2000-та работи како правник во приватниот сектор, а претходно како државен советник во Министерството за финансии, каде во истиот период е и шеф на Кабинетот на министерот. Таа е магистер по правни науки. Магистрирала на Универзитетот Кент во Велика Британија. Блерим Беџети, министер за правда – од 2009 е градоначалник на општина Сарај. Претходно, бил пратеник во Собранието, а има тригодишно искуство и во Министерството за правда како Виш соработник. Дипломирал право на Универзитетот во Приштина. Никола Поповски, министер за надворешни работи – досегашен амбасадор на Македонија во Европската унија. Работел во Европската комисија, а од 2001 до 2004г. бил секретар во Француската амбасада во Македонија. Има искуство и во ДЕПФА Банк, Ирска. Има две магистратури: една по европски економски студии на Колеџот на Европа, Бриж, Белгија и другата по странски јазици и меѓународна трговија на ЕУ Универзитетот во Рен, Франција и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Зоран Ставрески, министер за финансии – во владата на Груевски е од 2006 година, прво како вицепремиер за економски работи, а од 2009г. и како министер за финансии. До 2006г. беше водечки економист за развојни политики во едно од одделенијата на Светска банка. Во Светска банка работел од 2001 до назначувањето за министер во првата влада на премиерот Груевски. Претходно имал и други функции во Министерството за финансии, а има и седумгодишно искуство во Народна банка на Македонија. Ставрески е магистер по економски науки. Ваљон Сараќини, министер за економија – досегашен директор за комуникации и маркетинг на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје. Претходно бил оперативен директор во Американ колеџ (од 2007 до 2010г). Има запишано постдипломски студии од економија.Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство – министер е од 2008 година, од 2005 до 2008г. беше заменик-министер за транспорт и врски. Бил директор во ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје и во „Електронска индустрија“- Скопје, . Димовски е дипломиран економист.Никола Тодоров, министер за здравство – доаѓа во ресорот здравство од Министерството за образование каде беше избран за министер во 2009г. Претходно бил член на Надзорниот одбор во ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, а има искуство како раководител во скопскиот катастар. Тодоров е правник.Панче Кралев, министер за образование и наука – доаѓа од советничкото место во Кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Владимир Пешевски. Бил соработник за финансиско советување во Раифаизен Инвесментс во Србија, а од 2006 до 2008г. бил советник за економски и трговски прашања во Холандската амбасада во Скопје. Моментно е на докторски студии во Европскиот центар за мир и развој (ЕЦПД).Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика – доаѓа од местото заменик-министер во Министерството за труд и социјална политика. Бил заменик-директор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС. Дипломиран правник. Невзат Бејта, министер за локална самоуправа – досегашен градоначалник на Гостивар. Од 2002 до 2005г. пратеник во Собранието, до тогаш професор по историја во Гостивар и Чегране. Завршил филозофски факултет. Елизабета Канческа Милевска, министер за култура – првпат е назначена за министер за култура во 2008г. Претходно, во Министерството за култура ја вршеше функцијата државен секретар. Има искуство како заменик-градоначалник во општина Кисела Вода и во одделението за европска интеграција во Агенцијата за државни службеници. Била и асистент на Европскиот универзитет во Скопје. Канческа Милевска довршува докторска дисертација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација – министер за информатичко општество е назначен во 2008г., а како министер без ресор задолжен за информатичко општество во 2006 година. Во владата на Груевски дојде од менаџерската позиција во компанијата Пласколајт Инкорпорејтед, еден од најголемите приватни производители на плексиглас во светот. Ивановски магистрирал информатика на Франклин Универзитетот. Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски – назначен е за министер за транспорт и врски во 2006г. Пред тоа беше генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје. Има искуство како помошник раководител во Министерството за финансии. Дипломирал манаџмент и бизнис-администрација на Американскиот колеџ во Солун. Абдилаќим Адеми, министер за животна средина и просторно планирање – до сега вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор. Од 2002 до 2006г. беше пратеник во Собранието. Магистрирал технички науки на Универзитетот во Тирана, Албанија. Министри без ресорВладимир Пешевски – избран е за вицепремиер за економски прашања во 2009 г. Во Кабинетот на Груевски дојде од позицијата генерален директор и партнер на СЕАФ фондот, меѓународен инвестициски фонд за директни инвестиции во приватни компании на Балканот. Работел и на проекти на УСАИД. Пешевски е магистер по деловна администрација на Универзитетот Шефил, Англија. Теута Арифи – од 2002 година пратеник во Собранието каде вршела повеќе функции. Од 2001 до 2006 година била декан на Педагошкиот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Докторирала филолошки науки на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.Муса Џафери – од 2008 до сега беше министер за локална самоуправа, а во владата 2002-2006 година беше вицепремиер задолжен за имплементација на Рамковниот договор. Магистрирал економија на Универзитетот во Цирих, Швајцарија.Неждет Мустафа – оваа функција ја вршеше и во досегашната влада на Груевски од 2008 година. Беше пратеник во Собранието и во два мандата градоначалник на Општина Шуто Оризари. Дипломирал филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Хади Незир – министер без ресор е од 2008 година. До именувањето на функцијата беше извршен директор на ХЕЦ Равен. Незир е дипломиран електроинженер.Веле Самак – беше назначен за министер без ресор задолжен за странски инвестиции во 2006г. Во владата на премиерот Груевски дојде од позиција маркетинг менаџер во Корпорацијата „Мајкрософт“. Има големо меѓународно искуство, меѓу кое и она во Ситигруп, како потпретседател во отсекот за квантитативни истражувања. Самак е магистер по бизнис администрација.Бил Павлески – на министерска позиција доаѓа од мултинационалната компанија Хјулит Пакард. Таму има 14 годишно искуство на високи инженерски и менаџерски позиции. Има две магистратури: за компјутерски науки на Северноисточниот универзитет во Бостон и по бизнис менаџмент на Хардард. /крај/бд/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.
Македонија
Костовски и Бајовски со ново, заедничко, ветување: Канализација ќе добијат сите улици во Бел Камен и Кучевишка Бара кои досега беа изоставени
Градоначалниците на Бутел и на Чучер-Сандево, Дарко Костовски и Зоран Бајовски со заеднички проект ќе го решаваат проблемот со канализација во Кучевишка Бара и Бел Камен. Населбите се една до друга, но припаѓаат на две различни општини и со децении градоначалниците ветуваат дека ќе им изградат фекална канализација, но досега ниту еден не го реализираше ветувањето.

Во работнта група се вклучени експерти, технички служби и претставници на граѓаните
Градоначалникот на Чучер-Сандево попладнево на социјалните мрежи се пофали дека првпат двете соседни општини пристапуваат заеднички и координирано за решавање на овој долгорочен проблем, со јасни рокови и распределба на обврски.
„Денеска заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, ја формиравме оперативната работна група за решавање на заедничките проблеми на жителите од Чучер Сандево и Бутел. Главна задача на групата е финализирање и доработка на основниот проект за фекална канализација, со цел проектот да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени. Со зголемување на опфатот ќе бидат вклучени и улиците како Бутелска 27, 29, 31, 33 и 35, како и други критични точки кои бараат итна интервенција“, објави градоначалникот Бајовски.
Во работнта група се вклучени експерти, технички служби и претставници на граѓаните за да се обезбеди транспарентен процес и квалитетна техничка документација.

Главна задача на работната група е доработка на проектот со цел да ги опфати сите улици кои досега беа изоставени
„Нашата цел е да обезбедиме трајно и одржливо решение за управување со отпадните води, што ќе го подобри здравјето и квалитетот на живот во двете општини“, вели градоначалникот Бајовски.
Револтирани што на терен нема никакви активности и оти градоначалникот Бајовски фекалната канализација во Бел Камен не ја ставил на листата со приоритети, како што им вети пред изборите, претставници на жителите од двете населби пред два месеца го потсетија на ветувањето и му кажаа дека доколку не почне да работи за решавање на нивниот проблем, подготвени се да протестираат.
Градоначалникот Бајовски, за „Макфакс“ на крајот на ноември изјави дека, за да почне да го решава проблемот, прво ќе направи ребаланс на буџетот, а потоа ќе работи на нов проект кој ќе ги опати и улиците каде што никогаш не е изградена фекална канализација.

