Македонија
Забрана за извоз на пченица до октомври
Забрана за извоз на пченица до октомври и откуп на четири килограми домашна пченица како услов за увоз на килограм брашно во наредните три месеци.
Забрана за извоз на пченица до октомври и откуп на четири килограми домашна пченица како услов за увоз на килограм брашно во наредните три месеци.Ова се новите земјоделски мерки кои Владата ги донесе со цел да се обезбедат потребните количини на пченица за државните резерви и да се стабилизира домашниот пазар со пченица и брашно.Како една од мерките на Владата е и тоа што во наредните седум дена Агенцијата за стокови резерви ќе објави Јавен оглас за набавка на 40.000 тони пченица за потребите на стоковите резерви. Пченицата ќе се откупува по најповолната понуда која ќе биде доставена до Агенцијата.„На барање на производителите на пченица, но и на поголем дел на млинско пекарскиот сектор станува збор за условување на увоз на брашно односно за еден килограм со откуп на четири килограми пченица од домашно производство“, изјави Љупчо Димовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Оваа мерка во однос на мината година е зголемена со откуп на килограм пченица, лани откупувачите мораа да откупат три килограми домашна пченица доколку сакаат да увезат килограм брашно. Тој истакна дека на секој начин ќе настојуваат да дојдат до поголеми количини затоа што трендовите на глобалниот пазар предвидуваат дека ќе има недостиг од пченица.Од МЗШВ истакнаа дека ќе се зголемат контролите на Државниот и пазарниот инспекторат со цел да се спречи нелагалното производство на леб и да се евидентираат откупените количини на пченица наменети за преработка на брашно.Оваа година се посеани 95.000 хeктари пченица, при што се очекува род од 300.000 тони. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

