Македонија
СДСМ : Наводите на Антикорупциска се целосна невистина

Тотална невистина се наводите што ги соопшти денеска Антикорупциска комисија, дека СДСМ три недели по истекот на законскиот рок за доставување на конечниот извештај за финансирање на изборната кампања ги повлекле конечните извештаи
Тотална невистина се наводите што ги соопшти денеска Антикорупциска комисија, дека СДСМ три недели по истекот на законскиот рок за доставување на конечниот извештај за финансирање на изборната кампања ги повлекле конечните извештаи во кои беа констатирани незаконитости и до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) доставиле нови, реагираат од најголемата опозициска партија.
„СДСМ во законски предвидениот рок до сите надлежни институции достави Извештај за финансирањето на изборната кампања. Согласно позитивните законски прописи, СДСМ достави и дополнителни писмени информации до институциите заради демант на претходно монтираните тези.“, пишува во соопштението на СДСМ.
Оттаму додаваат дека „што и да прави Антикорупциската комисија, не може да го избегне одговорот, како ќе постапува по однос на финансискиот извештај на ВМРО ДПМНЕ, каде има дупка од 3,5 милиони евра за кои Груевски нема покритие“./крај/со/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска, променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во среда ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.