Македонија
Башески: Правно сум ослободен од одговорност, но не и морално
Во врска со проневерата на европските пари што ја вршеле македонските дистрибутери на филмови, директорот на Филмскиот фонд и претставникот за Македонија на европскиот филмски фонд Еуроимаж, Дарко Башески вели дека правно е ослободен од одговорност, но не и морално.
Во врска со проневерата на европските пари што ја вршеле македонските дистрибутери на филмови, директорот на Филмскиот фонд и претставникот за Македонија на европскиот филмски фонд Еуроимаж, Дарко Башески вели дека правно е ослободен од одговорност, но не и морално. „Жал ми е што немав доволно време да посветам и на дистрибуцијата, бидејќи имавме и се уште имаме многу малку вработени за да координираме над 80 проекти што ги има подржано Филмскиот фонд во координација со многу меѓународни организации надвор од Македонија. Треба да се направи построга процедура на контрола и на дистрибуција и на работата на продуцентите од филмскиот фонд“, рече Башески на денешната прес конференција.Тој најави дека денеска ќе го извести бордот на Еуроимаж дека се повлекува од функцијата македонски претставник на европскиот фонд.„Се повлекувам од местото македонски преставник на Еуроимаж и ќе се заложам понатаму оваа функција да биде платена, бидејќи со себе носи голема работа и одговорност.Башески рече дека Министерството за култура веќе отпочна ревизија врз неговата работа во Филмскиот фонд како и врз процедурата која се спроведува за подршката од Еуроимаж. Како што соопшти денеска тој веќе поднел пријава до Антикорупциската комисија и до финансиската полиција да направат ревизија врз неговото работење и врз неговата финансиска состојба. Поради проневера на околу 200 илјади евра европски пари за подршка на македонските дистрибутери на филмови, Башески рече дека фондот Еуроимаж ќе направи ревизија кај сите дистрибутери и дека веќе ја има стопирано исплатата кон сите македонските дистрибутери. Според Башески остана нејасно како оди подршката од Еуроимаж и дека таа не оди преку Филмскиот фонд.„За подршка на Еуроимаж дистрибутерите аплицираат директно на Еуроимаж. Таму ја поднесуваат цела листа на документи од регистрација на фирма, до кој филм го дистрибуираат и лиценца за оваа територија. Пријавените филмови ги разгледува комисија од седум члена каде јас не сум член иако беше алудирано дека јас влијаам некои проекти да не добијат подршка. Иако таму се разгледуваат кои филмови да добијат подршка, а не кои дистрибутери. Претставникот на Еуроимаж потпишува еден формулар каде треба да се потврди дека во публицираниот материјал плакатот е наведено логото на Еуроимаж и се наведува првиот ден на дистрибуција. Значи претставникот на Еуроимаж не гледа што се случува понатаму со филмот. За да ги добие сретставата претставникот понатаму треба да го достави овој формулар заедно со извештајот за прикажување, исечоци од медиуми за тоа кога почнува дистрибуцијата на филмот и потоа ги добива средствата“, објасни Башески.Околу 200 илјади евра се проневерени од дистрибутерите што потпишале договор со Еуроимаж за прикажување европски филмови, кои потоа воопшто не се појавиле во киносалите. Директорот на Филмскиот фонд на Македонија, Дарко Башески, признава дека договорите со споменатите продуценти ги потпишувал „на доверба“, а неофицијално некои од нив не се ни евидентирани во Централниот регистар, или барем не под истото име. Спорните дистрибутери се главно нови и непознати имиња на македонскиот дистрибутерски пазар, а повеќето од нив се всушност фирми-ќерки на големи дистрибутерски куќи од регионот.Фирмите што проневериле пари се „Медија фактори“ со 24.500 евра, „Еуро филм“ 34.200 „Арена филм“ 65.000 евра и „Балкан филм“ 85.500 евра.Уредно работеле СВРСА кој добил подршка за 11 филма и сите ги прикажал и Манаки филм кој добил подршка за 13 филма.Релативно уредно работеле МКЦ „Цинестар“, „КТ филм и медија“, „Висарт Медија“ „Фидалго филм“ , „Симплисити“ и „Катавеј“. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Божиновска: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат уште 57 години, жените во енергетиката ни се потребни денес за посилен и поиновативен сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на кариера во секторите на нето-нула технологии, паметни енергетски системи и зелена транзиција.
Во своето обраќање, министерката истакна дека енергетската транзиција не е само технолошки процес, туку и длабока трансформација на работната сила, во која жените мора да имаат еднаква и видлива улога.
„Жените во енергетиката сè уште се недоволно застапени. Тоа не значи дека недостасуваат знаење и амбиција, туку дека постои неискористен потенцијал кој државата и општеството не смеат да го игнорираат. Индексот за родова еднаквост во 2022 година изнесувал 64,5 поени од можни 100, што претставува зголемување од само 2,5 поени од 2019 година. Со вакво темпо, би биле потребни приближно 57 години за да се постигне родова еднаквост во сите области. Ова ја нагласува итноста: не можеме да чекаме со децении за да создадеме еднакви можности. Повеќе жени во секторот е бенефит за сите. Меѓународната агенција за обновлива енергија (ИРЕНА) дојде до податоци дека организациите со повеќе жени на лидерските позиции во енергетиката покажуваат 20 проценти повисоки перформанси и иновации. Светскиот Економски Форум објави дека тимовите кои вклучуваат различни полови се попрофитабилни, покреативни и поотпорни во кризни ситуации. Кога на жените ќе им се даде моќ, целиот сектор и општеството има придобивки “, порача Божиновска.
Таа нагласи дека интересот за наука и технологија кај девојките постои уште од рана возраст, но често се губи поради стереотипи, недостиг од поддршка и ограничен пристап до практични можности. Затоа, како што истакна, неопходно е создавање јасна и континуирана патека – од образование, преку практична обука, до вработување и напредување.
„Oвие бариери не се непремостливи.Ги надминуваме преку партнерства, преку вакви проекти, преку отворен дијалог и преку конкретни програми кои ги приближуваат младите жени до реалниот сектор.“ нагласи Божиновска.
Министерката ги посочи и стратешките приоритети на државата за периодот 2026–2030, меѓу кои забрзан развој на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност на објектите и дигитализација на електроенергетската инфраструктура, процеси кои директно ќе го обликуваат пазарот на труд и побарувачката за нови профили и вештини.
„Технологиите со нето-нула емисии ќе бараат експерти за обновливи извори, специјалисти за паметни згради и автоматизација, дигитални инженери, менаџери за енергетска ефикасност и професионалци за паметни мрежи. Нашата задача е што повеќе жени да бидат дел од оваа нова економија“, истакна Божиновска.
Таа потенцираше дека Министерството за енергетика е цврсто посветено на поддршка на девојките и жените во STEM и енергетските сектори, преку практични обуки, партнерства со компании, менторски мрежи и програми што ги поврзуваат образованието и реалниот сектор.
Проектот ELeVATE, кој ги поврзува образовните институции, компаниите, јавниот сектор и локалните власти, беше посочен како пример за конкретен и применлив модел што ги надминува бариерите и создава реални можности за жените во зелените технологии.
„Енергетската транзиција ќе биде успешна само ако е инклузивна – ако ги вклучи жените, ако создаде еднакви можности и ако ги поврзе образованието, бизнисот и институциите“, порача Божиновска.
Македонија
Коњановски даде отчет за првите 100 дена: фокусот е на инфраструктурата, образованието, спортот, културата и енергетска транзиција
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција.
Во овој период беше отворена новата градинка „Пчеличка“ со капацитет за 76 деца, адаптирана од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“. Во рамките на инфраструктурните проекти, се асфалтираа делови од улицата „16-та“, се поплочуваат тротоари на новата улица СРУ 5, а се изведуваат и три нови игралишта во месноста Областа.
Коњановски истакна дека во 2026 година се планирани 53 реконструкции на улици и локални патишта и изградба на шест нови паркинг простори на повеќе локации во градот. Во спортската инфраструктура се вклучени подготовки за мултифункционален спортски комплекс, атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“.
Во образованието се продолжува со реконструкција на училишни спортски сали, изградба на нови игралишта и објекти за учениците, додека за заштита на животната средина се преземаат проекти за одводнување и прочистување на отпадни води на 25 локации и за системи за водоснабдување.
Градоначалникот нагласи дека дигитализацијата е приоритет, со промоција на националниот портал за електронски услуги „Е-услуги“, а општината активно се вклучува во праведната енергетска транзиција со поставување фотоволтаици во училишта и на јавни објекти.
Во рамките на културата и спортот, Битола беше домаќин на натпревари на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, а се реализираа проекти за ракомет, бокс и други спортски активности. Општината организираше и јавни трибини, поддршка за волонтери, активности за лица со попреченост и старо население.
Коњановски истакна дека Битола го поттикнува туризмот преку проекти како физибилити студија за гондола на Пелистер и градежни активности за планинарскиот дом „Копанки“. Градоначалникот посочи дека секој проект ќе биде следен со транспарентно информирање до граѓаните, со цел локалната самоуправа да остане сервис на жителите.
„Не се фалиме, само работиме, а позитивните коментари доаѓаат од други. Критиките не не обесхрабруваат, туку нè мотивираат да продолжиме со нашата мисија“, изјави Коњановски.
Македонија
Работниците немаат за леб а владата мисли да купува авион за Мицкоски, велат од СДСМ
Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос велат од СДСМ.
„Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра.
За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се доволни 200 милиони евра, а за авион уште стотици милиони евра повеќе не се доволни.
Груевски со пари на граѓаните купуваше мерцедес од 600 илјади евра и очила од 60 илјади евра.
Мицкоски има часовници од 60 илјади евра вредни 150 минимални плати и сака да купува авион од стотици милиони евра, за туристички патувања“.
Ученикот, додаваат од опозициската партија, сака да го надмине учителот во луксузирање врз грбот на народот.
„И Томовски запнал за авион од стотици милиони евра, како да се надева на процент од набавката за семејната фирма?
Малку да не им се 161 тендер досега?
Сè е бизнис во ВМРО“.

