Македонија
Груевски дефинитивно не учествува на конференцијата во Охрид

Премиерот Никола Груевски дефинитивно нема да учествува на конференцијата посветена на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, што денеска и утре се одржува во Охрид, потврдуваат од Владата.
Премиерот Никола Груевски дефинитивно нема да учествува на конференцијата посветена на десетгодишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, што денеска и утре се одржува во Охрид, потврдуваат од Владата.
Тие велат дека јубилејот за одбележување на десетгодишнината од Охридскиот рамковен договор претпоставува низа на активности, настани и конференции на кои учество ќе земат политичари, независни интелектуалци, претставници на медиумите, припадници на невладиниот сектори меѓународната заедница.
„Премиерот Груевски согласно предвидената агенда ќе присуствува на конференцијата за одбележување на десетгодишнината од Рамковниот договор што ќе се одржи на 5 септември и на која се очекува да присуствува еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, како и други високи гости од меѓународната заедница. Денешната конференција која се одржува во Охрид е под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов “, информираат за Макфакс од Владата.
Дводневната конференција во Охрид започна со обраќање на македонскиот претседател Иванов.
Според агендата за конференцијата денеска требаше да се обрати и премиерот Груевски.
Ова не е првпат Премиерот да не дојде на одбележување годишнина од потпишувањето на договорот.
Тој и до сега ги одбегнуваше свеченостите поврзани со датумот кога е потпишан Рамковниот договор./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот улицата Иван Аговски зграда бр.10 влез1, општина Карпош;
· Во периодот од 09:00 – 15:00 часот улицата Јабланица, улицата Саса, населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Сончево време со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХРМ
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Македонија
ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата
Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.
Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови. „Уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена“, пишува во соопштението.
„На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист. ДУИ со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце. Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, жално е што токму ваквите политички привезоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници – без став, без визија, без достоинство.
„Но, да биде јасно: државата не оди во провалија. Од провалијата ја вадиме. А тоа што ги боли е фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери. Боли што правдата конечно тропа на нивната врата. На крајот, нека викаат колку сакаат. СДС, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд – оној на правдата – допрва доаѓа“, се наведува во соопштението.