Македонија
Нема потврда дека монструмот од Будимпешта е Македонец
Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) не добило никакво известување дека лицето што го сторило незапаметеното злосторство во Будимпешта е македонски државјанин.
Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) не добило никакво известување дека лицето што го сторило незапаметеното злосторство во Будимпешта е македонски државјанин.Српските медиуми изутрината најнапред јавија дека српски државјанин закопувал живи луѓе во Унгарија, но подоцна објавија демант од српската амбасада во Будимпешта. Притоа дел од српските медиуми наведоа дека неофицијално се дознава дека убиецот бил Македонец, што беше пренесено и во некои македонски медиумиОд МНР велат дека од медиуми биле информирани за целиот настан, како и дека, според одредени шпекулации, убиецот можеби е Македонец, но од унгарските власти засега никој не ги контактирал.Претставник на МНР за Макфакс изрази изненаденост од информациите објавени во медиумите, бидејќи како што рече, досега со властите на Унгарија имале извонредна комуникација и навремено биле известувани за се што е потребно.Македонски дипломат успеал да стапи во контакт со српската амбасада во Будимпешта, од каде што демантирале дека поседуваат информација дека убиецот е од Македонија. Македонскиот амбасадор во Будимпешта се наоѓа на годишен одмор, но од МНР најавија дека будно ја следат состојбата и дека благовремено ќе ја информираат јавноста.Од МНР информираа дека постои одредена информација дека извесен македонски државјани бил уапсен на аеродромот во Будимпешта, но засега не располагаат со повеќе детали.Унгарската државна телевизија јави дека истражните органи пронашле остатоци на шест лица, закопани во шумата Чепел во јужно предградие на Будимпешта. /кра/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Јакимовски: Презедов општина со 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход
Презедов општина со 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход, изјави ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовсски.
„На оваа последна прес конференција како градоначалник на општина Карпош сакам да им ги соопштам следните информации на жителите на Општина Карпош: На 4 ноември, 2021 година, кога стапив на функкцијата од мојот претходник наследив: 330 милиони денари блокирана сметка и уште една блокада од УЈП на 39 милиони денари, или вкупна блокада на 369 милиони денари Да потсетам, Буџетот на Општина Карпош во 2020 година бил 363 милиони, или толку биле вкупните приходи. На денешен ден, четири години и три дена потоа, оставам општина со: 72 милиони денари на жиро сметка, со измирени сите тековни обврски, судски пресуди кои уредно се сервисираат“, рече тој.
Јакимовски кажа дека до денес, Општина Карпош има приходи од 700 милиони денари, а до крајот на годината ќе има скоро 800 милиони денари.
„Или, сум презел општина со 6 милиони евра приход и 6,5 милиони евра долг, а денес оставам општина со 13 милиони евра приход“, рече тој.
Јакимовски рече дека во моментот во Карпош се гради само една висококатница и два објекта во Момин Поток и три помали објекти од пет ката.
„За разлика од нас, има општини во кои во моментот се градат над 80 станбени згради повисоки од шест ката. Ова само покажува колку сме биле вешти во менаџирањето на приходите и како општина Карпош, со покачување на даночните приходи успеа да ја стабилизира општината и од истата да направи самоодржлив проект“, кажа тој.
Македонија
Муцунски: На 80-годишнината од основањето на ОН, како земја членка ја потврдуваме цврстата верба во мултилатерализмот
Денес, во Музејот на град Скопје, беше одбележан Денот на Обединетите нации кој годинава се совпадна со 80-годишнината од основањето на ОН, во знак на заедничката посветеност на народите кон мирот, безбедноста, човековите права и одржливиот развој.
Свечениот настан, организиран во соработка меѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Канцеларијата на Обединетите нации во земјата, ја истакна важноста на мултилатерализмот и партнерството во решавањето на глобалните и регионалните предизвици.
Во своите обраќања, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбиа, заеднички ја потврдија посветеноста кон принципите на Повелбата на ОН и кон продолжување на соработката во насока на зајакнување на институциите, унапредување на човековите права, заштита на животната средина и исполнување на Агендата 2030 за одржлив развој.
Овогодинешното одбележување има за цел да ја потсети меѓународната заедница на потребата од зајакнување на меѓусебната доверба и солидарност, особено во време на бројни предизвици што го засегаат секој дел од светот.
По тој повод, Република Северна Македонија ја реафирмира својата посветеност на принципите и вредностите на Повелбата на Обединетите нации, на унапредувањето на човековите права, одржливиот развој и мирот, како и на континуираното партнерство со системот на ОН во земјата.
„На 80-годишнината од основањето на ОН, како земја членка ја потврдуваме цврстата верба во мултилатерализмот, во меѓународното право и во едноставната вистина дека глобалните предизвици можат да се решаваат само заеднички,“ истакна министерот Муцунски.
Тој додаде дека државата останува максимално посветена на глобалните процеси и ќе продолжи да ги промовира клучните вредности на Обединетите нации и да биде доверлив партнер во постигнувањето на универзалните цели – унапредување на човештвото, мирот, правдата, човечкото достоинство, дијалогот, толеранцијата и солидарноста.
Министерот потсети дека темата на годинешното одбележување е „Промовирање на мирот, единството и глобалните партнерства“, при што упати признание до сите кои во светот несебично се залагаат за ширење на вредностите на Организацијата: оние кои работат за одржување на мирот и стабилноста, заштита на обесправените, борба против сиромаштијата, климатските промени и сите форми на дискриминација.
„Честитајќи го овој ден, уверувам дека остануваме посветен и доверлив партнер во постигнувањето на универзалните цели на Обединетите нации,“ додаде Муцунски.
Македонија
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.
Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.
Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.

