Македонија
Рикер: Работа на Македонија е да си помогне себеси
Работа на Македонија и на нејзиното лидерство е да си помогне сама на себе за надминување на спорот со името со Грција, вели заменик-помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер.
Работа на Македонија и на нејзиното лидерство е да си помогне сама на себе за надминување на спорот со името со Грција, вели заменик-помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер.
Прашан околу тоа како може да и помогне на Македонија во однос на спорот од новата позицијата во американската администрација, Рикер по денешната средба со министерот за одбрана, Фатмир Бесими рече дека работа на премиерот и лидерството на земјата е да работат на неговото надминување.
„Не е моја работа да и помагам на Македонија. Работа на Македонија е да помогне на Македонија. САД е многу силен партнер на Македонија, но во однос на ова, треба да ги упатите вашите прашања кон премиерот и вашето лидерство, за да се движат напред во тоа“, рече Рикер.
Екс-американскиот амбасадор посочи дека прашањето со името би било тема на разговор на претстојните средби со државниот врв единствено доколку тоа биде отворено од македонска страна.
„Ако некој има да ми каже нешто за спорот со името, ќе ми биде мило да го чујам“, рече Рикер.
Министерот Бесими, пак, од своја страна, пред Рикер посочил дека реформите во одбраната и билатералната соработка со САД на одбранбено ниво ќе бидат едни од главните приоритети во неговата работа.
„Врвен приоритет на нашето министерство, и еден од стратешките приоритети на нашата влада е членството во НАТО, сите неопходни реформи со динамика што ќе гарантира полноправно членство во оваа институција. Тие реформи ќе ги продолжиме и ќе ги зајакнеме. Ќе работиме и на зајакнување на досегашната одлична соработка на билатерално ниво со САД. Тоа што досега е направено врз основа на стратешкото партнерство, билатералната соработка е клучен момент за стабилноста на земјата и еден значаен момент за поддршка на економскиот развој на земјата“, рече Бесими.
Рикер претпладнево се сретна и со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски. За утре се најавуваат средби со премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата, Никола Попоски. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



