Македонија
„Економист“: Профил на Груевски
Македонците или го сакаат или го мразат. За оние што не го сакаат, Никола Груевски, кој по третпат беше реизбран за премиер на 28 јули, тој е корумпиран, популист, безмилосен Макијавелист и непријател на слободните медиуми. „Не, не, не“, велат неговите поддржувачи.
„Македонците или го сакаат или го мразат. За оние што не го сакаат, Никола Груевски, кој по третпат беше реизбран за премиер на 28 јули, тој е корумпиран, популист, безмилосен Макијавелист и непријател на слободните медиуми. „Не, не, не“, велат неговите поддржувачи. Тој е чист како свирче, скромен и почитуван семеен човек и камшик за тајкуните-неплаќачи на данок“, пишува лондонски „Економист“ (The Economist) во објавениот профил посветен на премиерот Никола Груевски.„Роден во 1970 година, господинот Груевски израснал во семејство кое не беше ниту привилегирано, ниту сиромашно. Неговиот татко се занимавал со мебел и дизајн, неговата мајка била медицинска сестра, а по разводот на неговите родители, мајката била таа која го водела низ животот. Кога имал четири години, таа отишла на работа во Либија како и многу други Македонци и го земала со неа“, пишува „Економист“.Угледниот лондонски весник не ги одминува ниту желбите што Груевски ги имал во своето детство и младост.„Тоа било една кратка епизода од неговото детство, во која младиот Груевски сонувал да биде лекар, фудбалер или космонаут. Единственото нешто на кое не размислувал многу за политиката – дури ниту за приказната на семејството на неговиот татко“, пишува „Економист“.„Неговиот татко е роден во северна Грција, неговиот дедо, мобилизиран од страна на грчката армија, бил убиен во борбата против Италијанците во Албанија по инвазијата на Италија во 1941 година. Потоа, на почетокот на Грчката граѓанска војна, исто како и илјадници други Словени во грчка Македонија, семејството побегнало кон север, кон тогашната југословенска Македонија. Можеби ова е една емотивна компонента на приказната за борбата со Грција? Не, вели Груевски, до неодамна тој не бил ниту заинтересиран за истата. Ниту пак, како што вели тој, не се чувствувал посебно трогнат кога гo посетил селото на предците во 2001 година“, пренесува лондонскиот весник.„Економист“ го поврзува името на премиерот со новопоставената статуа „Воин на коњ“ во центарот на Скопје.„Денес, кога ќе се спомне името на Груевски, веднаш се поврзува со статуата на Александар Велики, која штотуку беше откриена во Скопје, или пак, со сите други статуи на светци или политичари кои се подигаат секоја недела, како дел од политиката на подигање на националниот идентитет. Но, неколку години претходно, беше поинаку. Ова беше човекот кој почна да ја либерализира економијата, го воведе ДДВ – то, рамниот данок и го обнови имотот преземен од страна на комунистите“, пишува „Економист“.„Многумина од Македонците буквално плачеа од радост при подигањето на статуата на Александар Македонски, додека за опозицијата Груевски беше олицетворение на Ѓаволот“, се вели во профилот објавен од лондонскиот весник.„Економист“ не ги одминува ниту случувањата со медиумите од „Перо Наков“. „Земете го случајот со А1. Телевизијата беше светилник на слободните медиуми, велат од опозицијата, а сега поради критиките упатени кон Груевски, таа е практично убиена. Три весници од истата група беа затворени, додека за тимот на Груевски ова се глупости: Велија Рамковски, сопственикот, никогаш не ги платил даноците и потоа ја користи телевизијата и новинарите како човечки штит кога се случи рација од полицијата“, пишува весникот.Профилот на угледниот лондонски весник завршува со констатацијата на еден од пријателите на премиерот:“Никола е само Никола’ вели еден од неговите пријатели. Обичните луѓе можат да се идентификуваат со него, тој е како другар од соседната врата, што е и буквално така, со оглед на тоа дека живее во мала зграда во неговото соседство заедно со сопругата и двете мали деца. Пријателот забележува дека, ‘за да се победи на толку избори, тој мора да прави нешто добро и покрај се“. /крај/theeconomist/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Заедничка изјава и рамка за договор за балансирана трговија со САД и за царински тарифи на одредени производи и индустрии до 0%, ова е политика на конкретни резултати
Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.
По договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа по цели 26 години, доцна синоќа Белата куќа објави Заедничка изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Оваа изјава, додава тој, претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД. Таа, како што вели, го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.
„Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.
Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници“.
Македонија
Ова е веќе ВМРО-ОКГ, нема демократија ниту во името, велат од СДСМ
Сопруга на градоначалник на ВМРО назначена за член на Судски совет. Советник на Мицкоски во Уставниот суд. Татко на министер е советник во Владата Мицкоски, истакнуваат од СДСМ.
„161 тендер за семејната фрима на Томовски, каде е неговиот татко но и негов близок роднина.
51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините. А тендерските шеми со поврзани фирми водат до таткото на Нелоски, шефот на кабинет на Мицкоски.
Во Алта Банка цела структура на ВМРО. Од Кадиевска Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО па до баџанакот на Тошковски.
Во Народна банка, за Гувернер, наместо експерт – Трајко Славески, поранешен министер во времето на Груевски.
На чело на АНБ, претседателот на Градскиот комитет на ВМРО.
Томовски назначен за втор организациски секретар во ВМРО, да организира тендери.
Сменети сите потпретседатели во ВМРО, останат е само чуварот на фотелјата Мицкоски“.
Ова, додаваат од СДСМ, не е само непотизам и партизација, ова е ОКГ – Организирана криминална група.
„ВМРО-ОКГ. Нема демократија ниту во името.
Македонијо, 2016 ни чука на врата, ни се враќа Никола Груевски“.
Македонија
Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава
Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови „Lidl“ и „Kaufland“, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски кој од денеска е во Германија, каде ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција.
„Разговаравме за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.
Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.
Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава“, пишува Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.

