Македонија
Цаноски одново ќе го гради „Космос“
Фирмата на пратеникот и лидер на ПЕИ, Фијат Цаноски, „Фине“ одново ќе го гради станбено – деловниот комплекс „Космос“, кој пред две недели почна да се руши
Фирмата на пратеникот и лидер на ПЕИ, Фијат Цаноски, „Фине“ одново ќе го гради станбено – деловниот комплекс „Космос“, кој пред две недели почна да се руши, поради, како што тврдат од општина Гази Баба, незаконска градба.
Ја повикуваат општината што побрзо да го сруши комплексот, односно она што сметаат дека е незаконско, за да може да продолжи изградбата на „Космос“, со тоа што фирмата ќе го запази претходно дадениот рок за градба до декември 2012 година.
Иако од општината најавија дека комплексот ќе биде цел срушен, од фирмата „Фине“ се подготвени да го изградат одново целиот објект.
Портпаролот на фирмата „Фине“, Катерина Цаневска – Арсовска за Макфакс вели дека никој од граѓаните кои уплатиле за станови во комплексот не сакал да ги земе парите и сакале да се изгради комплексот.
Денеска истекува последниот рок до кога пратеникот Цаноски, основач на „Фине“ треба да го исплати долгот за комуналии за објектот „Космос“.
Доколку тоа не се случи, од општината Гази Баба велат дека долгот од 370 илјади евра, ќе го наплати преку заплена на земјиштето на трите локации, кои Цаноски ги ставил како хипотека.
Но од „Фине“ велат дека ќе поднесат жалба на ова барања и тврдат дека овие пари се платени. Според нив фирмата има дадено 131 илјади евра повеќе од предвиденoто според динамиката на плаќање на 24 рати според договорот со општината.
Комплексот “Космос“ почна да се руши пред две недели бидејќи целиот објект, според општина Гази Баба бил надвор од рамките на проектот што го добил одобрението за градба што го издале службите на Општина Гази Баба.
Целата градба била повисока за метар и 43 сантиметри во однос на апсолутната кота којашто била измерена од геодетска фирма.Комплексот се градеше покрај Вардар кај мостот “Близнак“, во непосредна близина на Универзитетот ФОН, кој исто така е во сопственост на Цаноски. Предвиден беше како луксузен станбено-деловен комплекс со 562 стана.
Утре на иницијатива на Цаноски, чија партија е во коалиција со СДСМ, ќе се одржи средба во седиштето на партијата со другите политички партии што се во коалицијата./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



