Македонија
Мистериозна смрт на 23-годишното момче
Нема информации кој го убил дваесет итригодишниот Михајло Чеврески, чие тело беше пронајдено синоќа околу 19 часот на локалниот пат кон езерото Козјак, во атарот на селото Нова Брезница.
Нема информации кој го убил дваесет итригодишниот Михајло Чеврески, чие тело беше пронајдено синоќа околу 19 часот на локалниот пат кон езерото Козјак, во атарот на селото Нова Брезница.
Момчето, според кажувањата на полицијата, било пронајдено во шумичката на локалниот пат кон езерото Козјак, на околу 30 километри оддалеченост од Скопје.
Денеска таму немаше траги кои би укажувале дека на ова место се одиграла трагедија. Екипата на Макфакс беше во селото Нова Брезница, но од малкуте жители кои ги сретнавме таму никој не знаеше за смртта на момчето. Куќите во ова село беа затворени, луѓето обично доаѓале таму за време на викендите.
Еден од жителите кој повремено доаѓал во ова село, воопшто не знаеше дека имало убиство а уште помалку дека телото било најдено во близина на селото.
„Не знам, првпат слушам од вас. Тука доаѓаат млади, со мотори, со автомобили, се собираат кај браната на езерото, но за вакво нешто не сум слушнал. Се собираат млади секоја вечер, ловат риби, прават забави“, ни изјави жителот кој го сренавме во селото.
Според неофицијални и непотврдени информации, момчето живеело во скопската населба Кисела Вода.
Од Министерството за внатрешни работи не откриваат дали има осомничени за убиството, единствено велат дека истрагата е во тек, дека работат на случајот и дека сé уште немаат резултати од обдукцијата.
Безживотното тело на детето го пронашол случаен минувач со прострелна рана на главата, најверојатно од пиштол. Сестрата на момчето вчера попладне пријавила во полиција дека нејзниот брат е исчезнат и дека не се вратил дома од неделата во 21 часот.
Телото на момчето беше предадено на обдукција којашто треба да покаже дефинитвно дали се работи за убиство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.

