Македонија
Демонстрантите им оставија торта на пратениците за роденденот на Мартин
Погребно возило придружено од класична музика, пристигна вечерва пред македонското Собрание и ја донесе тортата во облик на човечки труп по повод роденденот на убиениот Мартин Нешкоски.
Погребно возило придружено од класична музика, пристигна вечерва пред македонското Собрание и ја донесе тортата во облик на човечки труп по повод роденденот на убиениот Мартин Нешкоски.Собирот започна кај Спомен – домот на Мајка Тереза, по што поворката се упати пред Собранието, каде откако беше донесена тортата, насобраните демонстранти запалија свеќи.Братот на Мартин, Александар Нешкоски, со членовите на потесното семејство, ја предводеше поворката и после долго убедување со полицијата, која не ги пушташе да пристапат до влезот на Собранието, успеаа со трчање да ја остават пред влезната врата на законодавниот дом.„Денеска беа поканети сите и власта и опозицијата и цела Македонија да дојде да даде поддршка да се сплотиме за овој случај да биде расчистен. Овде нема ниту власт, ниту опозиција, народот е оставен сам на себе, па нека ни е Господ на помош“, рече Александар Нешкоски .Демонстрантите го претставија и рецептот за тортата, наречена „полициска држава“ за која како што рекоа, е потребно „едно убиство, еден килограм свесни лаги и два килограма хиерархиско прикривање“. „Невкусна е, но сепак нè тераат да ја проголтаме“, рече една од демонстрантите.Новиот собир за случајот доаѓа по пауза од еден месец секојдневни протести против полициската бруталност и барањата за расчистување на убиството на младиот Мартин Нешкоски, кое се случи за време на изборната прослава на ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот Македонија во Скопје.Досега единствен обвинет за убиството е специјалецот Игор Спасов. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

