Македонија
Две семејства се пресметувале со куршуми во воздух и камења

Две семејства се пресметувале меѓусебно со куршуми во воздух и камења на улица Раштански пат во Скопје, соопштуваат од СВР Скопје.
Две семејства се пресметувале меѓусебно со куршуми во воздух и камења на улица Раштански пат во Скопје, соопштуваат од СВР Скопје.
Најпрвин се степале двајца припадници од семејствата. Педесет итригодишниот З.З. со автомобилот минувал на улицата „Раштански пат“ каде наишол на крави коишто му го блокирале патот поради што не можел да помине.
Кравите му припаѓале на четириесетгодишниот Ј.М. со кого биле раскарани од претходно. Кога му рекол да ги тргне, добил бокс преку прозорецот.
За да се одмазди, З.З. вечерта заедно со неговиот брат и внукот со возила поминувале покрај куќата на Ј.М. од каде повеќемина роднини почнале да ги гаѓаат возилата со камења. Тие од возилата од пиштоли испукале два куршума во воздух.
За случајот приведени се седум лица и одземени се двата пиштола./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Казнети 127 возачи за непрописно паркирање во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 16.06. до 23.06.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 127 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C, информира УХРМ.
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Македонија
Општина Ѓорче Петров ќе добие нов зелен парк во Волково

Општина Ѓорче Петров е еден од партнерите во меѓународниот проект UrbanGreenLeap, поддржан од програмата Interreg Euro-MED, кој има за цел унапредување на зелената инфраструктура и зголемување на урбаната отпорност на климатски промени во мали и средни медитерански градови.
Во рамки на проектот, предвидена е изградба на нов, модерен и мултифункционален зелен парк во населбата Волково, на потегот кај последната автобуска станица на линијата „22“. Паркот ќе биде наменет за сите генерации, со содржини за деца, ученици, пензионери, како и за граѓани кои сакаат простор за одмор, еко-едукација и рекреација.
Проектот, кој ќе се реализира во период од 33 месеци (април 2025 – декември 2027), ќе овозможи зајакнување на капацитетите на општината за управување со зелените површини, активно учество на граѓаните во планирањето, развој на урбани планови за интеграција на биодиверзитетот и изработка на студии за унапредување и проширување на зелените зони.
-Општина Ѓорче Петров вложува континуирани напори за да стане зелена урбана заедница, прилагодена на современите еколошки предизвици. Со изградбата на новиот парк во Волково, не само што добиваме убава и функционална јавна површина, туку и градиме свест, заедништво и одговорност кон природата. Зелено Ѓорче не е само идеја, туку реална визија која веќе ја претвораме во конкретни проекти, изјави градоначалникот Александар Стојкоски по повод реализација на проектот.
UrbanGreenLeap обединува 10 партнери од ЕУ и соседни земји, вклучувајќи општини, институти и универзитети, со водечки партнер Општина Цеље (Словенија). Вкупниот буџет на проектот изнесува 2.388.555,00 евра, од кои 1.910.844,00 евра се обезбедени од ЕУ фондовите.
Со оваа иницијатива, Ѓорче Петров се вклучува во заедничката европска мисија за поодржливи, позелени и поотпорни урбани средини, а граѓаните добиваат можност активно да придонесат кон изградбата на поздрава животна средина.