Македонија
Бесими оддаде почит на загинатите бранители од 2001 година

Министерот за одбрана Фатмир Бесими во рамки на прославата на денот на АРМ положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година, лоциран во кругот на министерството.
Министерот за одбрана Фатмир Бесими во рамки на прославата на денот на АРМ положи свежо цвеќе и оддаде почит пред споменикот на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година, лоциран во кругот на министерството.Ова е прв случај, во кој Бесими во улога на министер за одбрана оддава почит на жртвите од воениот конфликт.Почит пред споменикот оддадоа и претставници на здружението „Херои на Македонија од 2001 година“, кој кратко потоа се ракуваа со министерот Бесими.Пред присутните на прославата свое обраќање имаше началникот на Генералштабот на АРМ во заминување генерал-потполковник Мирослав Стојановски, кој посочи дека армијата во континуитет успешно ја извршува нејзината мисија определена со Уставот и законите.Според него, припадниците на Армијата покажале висок степен на професионализам, обученост, храброст и издржливост.Стојановски, кој утре треба да ја предаде функцијата на неговиот наследник, бригадниот генерал Горанчо Котевски, побара подобрување на стандардот на припадниците на АРМ и одвојување на поголеми финансиски средства за овој сектор.„Доколку продолжи трендот на несоодветно доделување на финансиски средства на Армијата, тоа ќе се одрази крајно негативно врз реализацијата на планираната долгорочна динамика за модернизација и развој на АРМ. Затоа сакам да порачам дека остварувањето на нашите амбиции за развој на АРМ, како Армија на земја идна членка на НАТО не е можно без конкретна поддршка, со која ќе се обезбедат услови да продолжиме на патот на интегративните процеси во големото семејство на алијансата“, изјави СтојановскиТој порача дека континуирана обврска на Армијата во идниот период ќе биде надградбата на одбранбените капацитети и способности./крај/ач/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Топлотен бран во Македонија: од среда температури до 40 степени

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C, информира УХРМ.
Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Македонија
Општина Ѓорче Петров ќе добие нов зелен парк во Волково

Општина Ѓорче Петров е еден од партнерите во меѓународниот проект UrbanGreenLeap, поддржан од програмата Interreg Euro-MED, кој има за цел унапредување на зелената инфраструктура и зголемување на урбаната отпорност на климатски промени во мали и средни медитерански градови.
Во рамки на проектот, предвидена е изградба на нов, модерен и мултифункционален зелен парк во населбата Волково, на потегот кај последната автобуска станица на линијата „22“. Паркот ќе биде наменет за сите генерации, со содржини за деца, ученици, пензионери, како и за граѓани кои сакаат простор за одмор, еко-едукација и рекреација.
Проектот, кој ќе се реализира во период од 33 месеци (април 2025 – декември 2027), ќе овозможи зајакнување на капацитетите на општината за управување со зелените површини, активно учество на граѓаните во планирањето, развој на урбани планови за интеграција на биодиверзитетот и изработка на студии за унапредување и проширување на зелените зони.
-Општина Ѓорче Петров вложува континуирани напори за да стане зелена урбана заедница, прилагодена на современите еколошки предизвици. Со изградбата на новиот парк во Волково, не само што добиваме убава и функционална јавна површина, туку и градиме свест, заедништво и одговорност кон природата. Зелено Ѓорче не е само идеја, туку реална визија која веќе ја претвораме во конкретни проекти, изјави градоначалникот Александар Стојкоски по повод реализација на проектот.
UrbanGreenLeap обединува 10 партнери од ЕУ и соседни земји, вклучувајќи општини, институти и универзитети, со водечки партнер Општина Цеље (Словенија). Вкупниот буџет на проектот изнесува 2.388.555,00 евра, од кои 1.910.844,00 евра се обезбедени од ЕУ фондовите.
Со оваа иницијатива, Ѓорче Петров се вклучува во заедничката европска мисија за поодржливи, позелени и поотпорни урбани средини, а граѓаните добиваат можност активно да придонесат кон изградбата на поздрава животна средина.
Македонија
Иницијативата „Сите за Палестина“ повика на протест „Од Скопје до Газа – народот вели НЕ!“

Иницијативата „Сите за Палестина“ во вторник, 24.06.2025, со почеток од 18:00 часот повикува на протестен марш со почеток од 18:00 часот пред Влада, а ќе заврши до Американската амбасада.
Протестот ќе се одржи под мотото „Од Скопје до Газа – народот вели НЕ!“
„Европската унија неодамна усвои историски висок воен буџет – 800 милијарди евра ќе бидат потрошени за наоружување, додека народот се соочуваа со економска несигурност, зголемена сиромаштија и недостапни јавни добра и услуги. Тоа не е буџет за мир – туку буџет за смрт, за профит на воените корпорации, а на сметка на работничката класа и младината ширум континентот. НАТО не штити – НАТО убива. Воениот пакт не е симбол на заедништво и безбедност, туку алатка на империјалната контрола. Наместо солидарност со потиснатите, се нудат ракети. Наместо хуманост – бомби. Западните влади под диктат на Вашингтон и Брисел, сè повеќе пари од јавните буџети пренасочуваат кон оружје и милитаризација. Ова го согледуваме и од македонската влада – кои радо би ги продале нашите животи на империјалистите. Во Украина, војната станува бескрајна машина за пари за воените индустрии, додека илјадници Украинци и Руси умираат. На Блискиот Исток, целиот свет е сведок на геноцид врз палестинскиот народ, извршен од израелската држава и поддржан со логистика и пари од НАТО, САД и ЕУ. Македонија не е неутрална“, се вели во најавата.