Македонија
Вкупно 13 предлози за свечена песна за Денот на независноста
Вкупно 13 автори доставиле предлози за свечена композиција што треба да биде изведена на централната прослава по повод Денот на независноста, Осми септември и ќе ја одбележи 20-годишнината од самостојноста на Македонија, информираат од Министерството за култура за „Макфакс“.
Вкупно 13 автори доставиле предлози за свечена композиција што треба да биде изведена на централната прослава по повод Денот на независноста, Осми септември и ќе ја одбележи 20-годишнината од самостојноста на Македонија, информираат од Министерството за култура за „Макфакс“.
Според конкурсот, кој финишираше во понеделникот, композицијата треба да има свечена нота со македонска мелоритмика, а текстот да биде во духот на јубилејот. Според најавите, денеска или утре ќе бидат соопштени резултатите од конкурсот.
Министерството за култура е носител на целокупната прослава на 20-годишнината од независноста. Септември е прогласен за месец на независноста, а најголем дел од манифестациите се закажани за 8 Септември.
„Предвидена е широка палета на активности со кои достоинствено ќе биде одбележан јубилејот“, велат од Министерството за култура.
За Денот на независноста е предвидено свечено отворање на споменикот „Воин на коњ“ на Плоштадот „Македонија“ во Скопје. Коњаникот, војниците-чувари, лавовите и рељефите веќе се поставени, а во моментов се работи на фонтаната. Од Општина Центар објаснуваат дека работите за комплетирање на целиот објект се одвиваат според предвиденото.
„Ништо не доцни. Во моментов интензивно се работи на фонтаната и нејзините елементи и очекуваме целокупниот споменик да биде готов до Денот на независноста, 8-ми септември“, вели Јовица Ацковски, портпарол на општината Центар, која е надлежна за изградбата на споменикот.
Истиот ден, спроти „Воинот на коњ“ преку реката Вардар ќе биде отворена зградата на Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Според најавите, меѓу другото, во музејот ќе бидат поставени восочни фигури на значајни личности од македонската историја, портрети и масовни историски сцени.
За 8 Септември е најавено и отворањето на „Порта Македонија“, лоцирана на источната страна на скопскиот плоштад. Во моментов се работи на рељефите со мотиви од македонската историја, кои се поставуваат на фасадата на објектот. Предвидено е портата да служи и како видиковец.
Во рамки на одбележување на јубилејот, од Министерството за култура најавуваат промоција на 130 тома македонска книжевност на англиски јазик.
Во чест на празникот, пред македонските стопанственици е предложено јубилејот да биде одбележат преку ставање на етикети на своите производи, амбалажи, етикети, специјално изработено по повод јубилејот.
За празникот е закажано и свеченото отворање на новиот терминал на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Модернизацијата, инвестиција на турската компанија „Тав“, чини околу 110 милиони евра.
Најголемиот дел од објектите, чие отворање е предвидено за Денот на независноста, се дел од проектот „Скопје 2014“. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

