Македонија
Кумановец загинал при удар со мотор во семафор

Дваесет и четиригодишен кумановец загина откако изгубил контрола над својот мотор и удрил во семафор, соопшти полицијата.
Дваесет и четиригодишен кумановец загина откако изгубил контрола над својот мотор и удрил во семафор, соопшти полицијата.Настанот се случил синоќа на раскрсницата од булеварите Трета Македонска Ударна Бригада и Октомвриска Револуција и улицата Б.Б. Гуцман, кога Филип Н. управувајќи моторцикл „кимко 300“ излетал од патот и удрил во семафор, при што починал на самото место.Во незгодата тешко е повредена неговата сопатничка, 20 годишната Д.Н. од Куманово, која е пренесена на лекување во Ургентен центар – Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Градоначалникот Стефковски се заканува со тужби наместо да одговори за планираната обврзница

„Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, наместо да им одговори на граѓаните зошто побарал одлука за задолжување на општината преку обврзница, избра да се заканува со тужби за клевета“, велат од СДСМ.
„Потсетуваме дека на 21-та седница на Советот на општина Гази Баба, одржана на 30 јануари 2023 година, градоначалникот Стефковски побарал, а мнозинството на советници од ВМРО ДПМНЕ дале поддршка и ја изгласале одлуката за издавање обврзница.
Граѓаните заслужуваат одговори, не закани и уцени.
Но, наместо да понуди одговор и отчетност пред граѓаните, зошто побарал таква одлука, гледаме организиран напад, навреди и говор на омраза од страна на блиски соработници и поддржувачи на Стефковски кон жена, членка на СДСМ.Ваквото однесување претставува обид за дефокус и прикривање на вистинските прашања и обврските кои ги има локалната власт.
Граѓаните на Гази Баба заслужуваат транспарентна и локална власт која одговорно менаџира со општината и работи во интерес на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
Влада: Злоупотребата на болката не носи правда, посветено продолжуваме да им помагаме на семејствата од кочанската трагедија

„Не се точни наводите пренесени во дел од медиумите за состанокот со роднините на загинатите од кочанската трагедија. Во моментот се прави злонамерно дефокусирање и злоупотребување на трагичната судбина. Владата е тука за семејствата, за сè што им е потребно и секогаш ќе биде со нив дури и кога за некои работи ќе имаат различни мислења“, се наведува во соопштението на Владата.
„Ова писмо од родителите и роднините е потсетник дека мора да се решаваат проблемите и да се демонстрира волја и одлучност да се помогне уште повеќе и уште подецидно.
Владата жали за впечатокот кој некои го добиле, но тие средби досега не се ни први, а ни последни и апелираме да не се прави сензација од средба наменета за поддршка и сочувство. Тоа беше втора средба со семејствата и ние би потсетиле дека премиерот за време на средбата од почетокот и до крајот разговараше и се поздрави изразувајќи сочувство со сите присутни поединечно и низа други гестови и иницијативи и работи кои од етички и човечки причини навистина не сакаме да бидат предмет на јавна дискусија затоа што се интимни и длабоко приватни и ние тоа сакаме да го почитуваме.
Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ не само што не ја одразува вистинската дискусија и намера, туку е навредливо и се обидува да фрли сосема погрешно светло на намерите и постапките на Владата, определувајќи ги како длабоко нечовечни што е несоодветно и неточно.
Истовремено, изразувајќи длабока тага за трагедијата, сочувство и поддршка за семејствата, упатуваме на тоа дека оваа трагедија, овој трагичен и ужасен настан, е болка не само за семејствата, но и за целата држава и нема некој кој не го мисли и чувствува тоа.
Владата ќе биде секогаш тука за семејствата и што се однесува до нашиот ангажман и тоа што зависи од нас, ќе се трудиме правда да има, и ќе се бориме утеха некаква ако може да се најде, и секогаш ќе бидеме потпора на семејствата, во нивните потреби, барања и предизвици. Затоа што ова е и наша болка и тага, и тие не се мерат и споредуваат, туку се докажуваат со дела кои ние ги правиме и планираме да ги правиме.
Апелираме да не се злоупотребуваат овие настани и моменти, да не се суди врз база на гнев и тенденција, а владата секогаш ќе биде тука за семејствата и колку што може – максимално ќе им помага во барањата кои се рационални и врз основа на закон и ингеренции“, се додава во соопштението на Владата.
Македонија
Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста.
Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки.
Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува.
Јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, за кој и натаму постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.
За истиот настан, за насилство со вербални закани кон градоначалничката беше пријавено уште едно лице, меѓутоа по прибирање на сите докази, вербалните искази на сведоците и оштетените, како и извршеното препознавање со соочување се утврди дека оштетените не го препознаваат пријавеното лице како сторител на заканувачки и насилнички дејствија кон нив.
Бидејќи не постојат материјални и вербални докази од кои неспорно би се утврдила кривична одговорност на второпријавениот за конкретното кривично дело, јавниот обвинител донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против него и на судот му предложи да ги укине претходно определените мерки на претпазливост за тоа лице.